10.2 C
Скопје
04:25 - 27 април, 2024

Уапсен „рускиот Исус“, зад решетки водач на секта со 10.000 следбеници (ВИДЕО)

Водач на позната руска религиска секта е уапсен со уште две лица во Сибир, јави Би Би Си.

Сергеј Тороп, кој меѓу своите следбеници е познат како Висарион, во 1991 година ја основаше „Црквата на последниот тестамент“ во сибирскиот регион Краснојарск.

Тројцата уапсени се обвинети за изнудување на пари и нанесување физичка и психичка болка на своите следбеници.

Сергеј Тороп, Вадим Редкин и Владимир Ведерников се осомничени за тоа што „основале религиска организација меѓу чии активности било и насилство над членовите“.

Руските истражители рекоа ддека тројката земала пари од своите следбеници и дека над нив вршеле психичко и физичко насилство.

Од основањето на сектата по падот на Советскиот сојуз, 59-годишниот Тороп, инаку поранешен полициски стражар, привлекол илјадници следбеници. Некои од нив верувале дека Тороп е воскреснат Исус.

Следбениците на Црквата на последниот тестамент основале во 1995 година своја населба под името Град на Сонцето, во регионот Кураг. Неколку стотици живеат тука и во уште неколку населби во регионот. Руското министерство за правосудство објави во 2000 година дека сектата има 10.000 следбеници ширум светот.

Припадниците на Црквата на последниот тестамент не смеат да пушат, пијат или користат пари и мора да живеат во скромни услови. Исто така не смеат да конзумираат месо, кафе, шеќер, чај, леб со квасец и пченични производи. Го следат учењето кое се темели на комбинација на методи на руската православна црква и реинкарнација и се приспособуваат за „неизбежна апокалипса“.

 

The post Уапсен „рускиот Исус“, зад решетки водач на секта со 10.000 следбеници (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Уапсен „рускиот Исус“, зад решетки водач на секта со 10.000 следбеници (ВИДЕО) was first posted on септември 22, 2020 at 7:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....