7.8 C
Скопје
00:18 - 27 април, 2024

Невидени размери на катастрофата: Во САД над 200.000 починати од ковид-19, Британија со рекорден број заразени дневно

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 200.000, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.  На веб-страницата на тој универзитет се наведува дека досега во САД починале 200.005 луѓе, осум месеци од почетокот на епидемијата.

Првиот случај на коронавирус во САД бил пријавен кај пациент во државата Вашингтон на 20 јануари, а четири месеци подоцна, на 27 мај, бројот на смртни случаи надмина 100.000, пренесува Еј Би Си. САД се најзагрозена земја во светот и кога се во прашање новозаразени и смртни случаи. Бројот на заразени надмина 7 милиони.

Во Велика Британија, во последните 24 часа се потврдени уште 4.926 случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на мај. Во исто време, потврдени се 37 смртни случаи, што е за 11 повеќе од претходниот ден, пренесува Гардијан.

Жители на Лондон чекаат на ред да бидат тестирани од ковид-19, Лондон, 21 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Поради зголемениот број на смртни случаи од ковид-19, премиерот Борис Џонсон најави рестриктивни мерки и можно воведување на карантин во Лондон.

Работниците од утре би требало да работат од дома каде што е возможно, а кафулињата и рестораните нема да смеат да работат по 22 часот. Како пример објасни, во угостителските објекти ќе биде дозволено само седење на маса. Тој рече дека нема да биде можно одржување на натпревари со публика од 1. октомври како што претходно беше планирано, а свадбените веселби се ограничени на максимум 15 лица.

Инаку, во Индија се регистрирани 75.083 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најмал број на новозаразени во скоро еден месец. За еден ден од Ковид-19 починале  1.053 лица. Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 5,6 милиони случаи на коронавирус во Индија, што ја прави втора најпогодена земја во светот по САД.

Русија денеска регистрираше 6.215 нови случаи на коронавирус, најмногу од 18 јули, а 160 лица починаа. Бројот на смртни случаи е повторно на ниво на крајот на јули. Во истиот период, оздравеле нешто помалку од 6.000 луѓе, пренесува ТАСС. Од почетокот на пандемијата, 1,1 милиони луѓе биле заразени, а повеќе од 19 000 починале.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.628,296 лицe. Од нив починале 971.782 пациенти, а оздравеле 23.224,523 луѓе.

The post Невидени размери на катастрофата: Во САД над 200.000 починати од ковид-19, Британија со рекорден број заразени дневно appeared first on Слободен печат.


Невидени размери на катастрофата: Во САД над 200.000 починати од ковид-19, Британија со рекорден број заразени дневно was first posted on септември 22, 2020 at 8:16 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....