22.8 C
Скопје
11:43 - 8 мај, 2024

Tрамп на 75-то Генерално собрание на ОН ја нападна Кина

 Американскиот претседател Доналд Трамп настапи денеска во виртуелен формат на 75. Генерално собрание на ОН што неделава започна во Њујорк. Првпат во историјата на ова светско меѓународно тело поради пандемијата, ГС се одвива во виртуелен формат.

Покрај Трамп, денеска настапија и рускиот претседател Владимир Путин и нивниот кинескиот колега Си Џинпинг.

Фокусот на говорот на Трамп беше насочен кон Кина, со критики до Комунистичката партија на таа земја поради справувањето со пандемијата Ковид-19, вмешаноста во изборите на туѓи земји, шпионирањето во САД и наметнување влијание низ целиот свет. 

-Во првите денови на ширењето на вирусот Кина забрани внатрешни патувања, а притоа дозволи меѓународни летови од Кина да се зарази целиот свет, рече Трамп. 

-Владата на Кина и Светската здравствена организација, фактички под контрола на Кина, даваа лажни изјави дека нема докази за пренос на вирусот од човек на човек… Подоцна тие лажни изјавуваа дека луѓето без симптоми на ја шират болеста… ОН треба да посочи на Кина како одговорна за своите постапки, кажа Трамп. 

-Седумдесет и пет години по крајот на Втората светска војна и основањето на ОН, ние повторно сме вовлечени во голема глобална војна. Водиме жестока битка против невидливиот непријател – кинескиот вирус, што однесе безброј животи во 188 земји, истакна Трамп. 

Додаде дека САД започнале најагресивна мобилизација од времето на Втората светска војна… „Ќе ја дистрибуираме вакцината, ќе го победиме вирусот, ќе ставиме крај на пандемијата и ќе стапиме во нова ера на невиден прогрес, соработка и мир”. 

Во својот говор, Трамп ги допре и договорите меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин склучени со посредништво на САД, спомена за економскиот договор меѓу Србија и Косово, и за притисокот на САД врз НАТО, членките да ги запазуваат ветените таргети за трошоци за одбрана. 

-Знаеме дека прогресот на Америка е основа за слободата и безбедноста низ целиот свет. За овие три кратки години ја изградивме најголемата екононија во историјата, истакна тој. 

Додаде дека последните четири години САД за своите вооружени сили потрошиле 2.5 трилиони долари… „Донесовме нова енергија во НАТО”. 

Во говорот пред ГС на ОН Трамп се задржа и на состојбите околу Иран, Авганистан и Северна Кореја. 

-За ОН да биде ефективна организација таа треба да се фокусира на реалните проблеми во светот. Тоа се тероризмот, нарушувањето на правата на жените, работничката експлоатација, трговијата со дрога, со луѓе и сексуалната трговија, како и казнувањата на верска основа, етничките чистки на малцинствата, изјави Трамп. 

При крајот на говорот тој ја благослови Америка, ги благослови земјите и ОН. Во склад со  својата идеја „Америка пред сѐ” им порача на земјите дека „само со грижа за сопствените граѓани вие ќе најдете вистинска основа за соработка. 

The post Tрамп на 75-то Генерално собрание на ОН ја нападна Кина appeared first on Слободен печат.


Tрамп на 75-то Генерално собрание на ОН ја нападна Кина was first posted on септември 22, 2020 at 6:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....