3.8 C
Скопје
15:53 - 15 ноември, 2024

Цели општини се крстат во печалбари, а тие не дојдоа

Пандемијата драстично го намали приливот на парите од печалбарите. Стравот од заразата, го ограничи движењето на луѓето, а нашите работници кои се во странство, станаа попретпазливи, бидејќи и земјите во кои работат се во криза, а дел од нив останаа и без работа. Износот на средствата кои иселениците ги испраќаат е за почит – од 2009 година наваму, надминуваат една милијарда евра годишно, или околу 16 проценти од БДП, во просек, проценува Народна банка. Светска банка, пак, објави дека поради последиците од пандемијата со коронавирусот вредноста на дознаките од странство ширум светот оваа година ќе падне за 20 проценти, што драстично ќе го намали животниот стандард на издржуваните семејства. Европа и Централна Азија, според Светска банка ќе бидат драстично погодени поради падот на дознаките од околу 28 проценти.

Сашо Јанкоски, градоначалник на Општина Вевчани за „Слободен печат“ вели дека освен здравствено, пандемијата има сериозен економски ефект врз една од најпечалбарските средини.

-Годинава не само што не се вратија, туку и се намали приливот на пари од иселениците, кои се најчесто во Словенија и Италија. Тие не сакаат да ризикуваат по враќањето во земјите каде што работат да бидат во двонеделен карантин, така што нивното отстуство и тоа како ќе се почувствува во општинскиот буџет. Уште повеќе што сите се плашат да ги сервисираат нивните обврски кон општината-објаснува Јанкоски.

Недоаѓањето на печалбарите, кои сочинуваат 70 проценти од Центар Жупа, годинава му задаваат големи главоболки и на градоначалникот Аријан Ибраим.

-Состојбата е многу тешка, бидејќи сметавме на парите од иселениците, кои најчесто доаѓаа во август. Бидејќи најголемиот дел од нашите сограѓани се во Италија, тие традиционално доаѓаат налето во Жупа да прават свадби и тоа ја зацврстуваше врската со родниот крај. Годинава поради пандемијата, свадбите се откажани, а тоа значи огромна сума на пари помалку која ќе се слееше во трговијата, угостителските објекти, златарниците, бензиските пумпи… Кај нас една свадба чини од 25.000  до 30.000 евра, па сега видете колкава е загубата. Иако како општина немаме долгови и успеваме да менаџираме со проектите, сепак ќе имаме проблеми со данокот на имот и другите паушали- додава Ибраим.

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оцени гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

– Покрај тоа што дознаките се значаен дополнителен извор на приходи за дел од домаќинствата, коишто го подобруваат нивниот животен стандард, тие имаат и пошироко макроекономско значење, зголемувајќи го девизниот потенцијал на економијата. Дознаките се битен извор на средства во тековната сметка на платниот биланс и придонесуваат за одржување низок дефицит на тековната сметка – вели Ангеловска-Бежоска.

Во однос на очекувањата за оваа година, гувернерката напоменува дека со оглед нa специфичноста на глобалниот шок предизвикан од пандемијата, едeн од каналите преку којшто може да се очекува пренесување на кризата во домашната економија се токму дознаките.

Статистиката на Народна банка за приливот на пари од работници од странство покажува дека во 2019, изнесувал над 195 милиони евра, а во 2018 година – 200 милиони евра. Но, официјално направените проценки се многу поголеми бидејќи иселениците кога доаѓаат во земјава носат кеш.

The post Цели општини се крстат во печалбари, а тие не дојдоа appeared first on Слободен печат.


Цели општини се крстат во печалбари, а тие не дојдоа was first posted on август 16, 2020 at 1:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....