Не е точно дека децата треба да имаат скапи компјутери за да ја следат од дома наставата преку онлајн платформата. Наставата може да се следи и со стари компјутери, таблети или мобилни телефони, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, при посета на основното училиште Дане Крапчев, во Гази Баба.
-Учењето од дома преку онлајн платформата нема да биде лесно, периодот за подготовка беше краток, но ние се чувствуваме подготвени училишната година да ја стартуваме на први октомври. Не треба да се грижиме ниту за повозрасните наставници, кои навидум немаат компјутерски вештини, затоа што алатката брзо се совладува, нагласи Царовска.
Владата денеска на седница ќе разгледува и одлучува за воведување на целодневната настава во училиштата, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска. Со СОНК договараат решенија како ќе се надмине проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците кои ќе имаат дополнителни часови.
-Ако се пушти целодневната настава, малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што си било. Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички. Затоа е важно тоа денеска да се разгледа на Влада и да се донесе одлука како што препорачуваат од Комисијата за заразни болести, рече Царовска.
-Имаме друг персонал којшто може да се вклучи за поддршка на целодневната затоа што во вториот дел од наставата имаме повторувања на знаењата кои поминале во текот на денот, што значи дека и друг од училиштето може да помогне тука, а по Законот за работни односи имаме можност и за плаќање дополнителни часови, додаде министерката.
Претседатрелот на СОНК Јаким Неделков ја нагласи важноста да се најде решение за поголем обем на работа на наставниците и дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе целодневната настава.
Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека сите 11 училишта се подготвени за успешен старт на учебната година, набавени се компјутери за наставниот кадар и таблети за учениците.
The post Царовска: Онлајн наставата може да се следи и со стари компјутери (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Царовска: Онлајн наставата може да се следи и со стари компјутери (ВИДЕО) was first posted on септември 29, 2020 at 1:39 pm.