Денеска околу 10 часот во куќа во кумановското село Романовце сопственост на Ш.А. од експлозија на плинска боца загинале три лица, дознава „Слободен печат“.
Според првичните информации трите загинати лица се деца кои се родени во 2009, 2011 и 2012 година.
Во експлозијата шест лица се поврефени и се пренесени во болницата во Куманово каде им се констатирани тешки повреди.
Но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени на скопските клиники.
The post Три лица загинаа при експлозија на плинска боца во Романовце appeared first on Слободен печат.