-3.2 C
Скопје
04:20 - 23 декември, 2024

Тргнаа изборните карвани: СДСМ ќе купува гласови со ветувања за подобар живот, ВМРО-ДПМНЕ ќе игра на картата на национална гордост

Граѓаните само од неколку минути реклами во платената политичка програма на телевизиите и другите електронски медиуми видоа што им нудат партиите на овие избори. Со отворените карти, партиите ќе се обидат да ги освојат нивните гласови. Сепак, почетокот на изборната кампања како да навестува релативно мирна кампања без некои поголеми и посериозни предизвици. Такви се барем првичните сигнали што партиите ги испратија од теренот. Според досега прикажаното, граѓаните најверојатно ќе можат мирно да спијат во наредните 18 денови, бидејќи партиите ветија и дека нема да скршнат од фер и демократска кампања, онаква каква што заслужува земја членка на НАТО и земја која наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ.

Според политиколот Никола Дујовски двете партии во македонскиот политички блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на овие избори одат со два сосема различни концепти. На првите, адутите им се НАТО, ЕУ и подобар живот, на вторите, враќањето на националната гордост.

Партијата на Зоран Заев влегува со позитивистички пристап со нови ветувања за подобар живот без многу да алудира на националната свест, на чувствата, иако како што вели Дујовски, и тие не се срамат да кажат дека јазикот ни е гарантиран, идентитетот ни е забетониран.

– СДСМ со своите коалициски партнери кампањата ја темелат на направеното во изминатите три години, пред се членството во НАТО кое е и повеќе од заслужено и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Но, се забележува слоганот „Можеме“ преку кој тие апелираат дека можат да придонесат многу повеќе и подобро за општеството и за државата во сите животни сфери. Градењето на добрососедските односи некако остануваат на страна и тоа е навистина добро, затоа што нема потреба со овие прашања да се предизвикуваат дополнiтелни главоболки. Барем така се однесуваат кон Преспанскиот и Договорот за добрососедство – вели Дујовски.

Партијата на Христијан Мицкоски, барем во овие први неколку денови, според Дујовски, покажува дека игра на картата дека сите треба да се исправиме, да бидеме горди што сме Македонци. И ВМРО-ДПМНЕ во насока на членството во НАТО и на ЕУ има позитивен пристап.

– Во кампањата ВМРО-ДПМНЕ оди со слоганот државата, народот да се обнови, односно се држат до „Обновата“. Тие ценат дека во изминативе три години Македонецот бил понижен како никогаш претходно и на тоа ќе ја темелат свoјата кампања. Ќе играат на картата на националното достоинство, на националната гордост, на тоа што тие можат да понудат за да се обнови државата која во изминативе три години била растурана – вели Дујовски.

Од друга страна, пак, во албaнскиот политички блок се покажа дека главниот адут на партиите ќе им бидат националните чувства на Албанците. ДУИ и неколку денови претходно, но и на првиот ден од кампањата, се задржува единствено на нациналистичката карта. Дујовски е убеден дека тоа е погрешна политика и дека интегративците нема да можат да ги освојат гласовите на другите етникуми во државата, освен можеби на некое порадикално крило во албанскиот блок. Со жалење констатира дека говорот на кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери длабоко го разочарал, бидејќи станувало збор за умерен политичар.

– Во тој говор беа искажани такви националистички одредби што апсолутно јас не прифаќам таков човек да биде премиер на мојата држава. Не само затоа што е од друг етникум туку затоа што пораките кои ДУИ преку лидерот Али Ахмети и преку нивниот кандидат за премиер Насер Зибери се апсолутно поразителни за една модерна држава во која што се гради добрососедство во која што меѓуетничките тензии се одамна минато и никој нема право да ги разгорува – вели Дујовски.

За Беса смета дека веќе има една стабилна и цврста договорена коалиција со СДСМ и дека ќе настапува во контекст на тоа какви ќе бидат приликите на поголемиот партнер во коалицијата.

– Гледам дека околу претседателот на Беса, Билал Касами се формира еден солиден тим којшто може да придонесе и во идната евентуална влада да влечат напред. Многу повеќе отколку албанскиот фактор во сегашната Влада – вели Дујовски.

Кампањата започната од Зијадин Села, преку Алтернатива и Алијанса за Албанците, Дујовски ја оценува како умерена, но сепак со картата на национализам, односно на картата на Албанците, дека тие треба да бидат рамноправни граѓани, дека треба да се развиваат слободно.

The post Тргнаа изборните карвани: СДСМ ќе купува гласови со ветувања за подобар живот, ВМРО-ДПМНЕ ќе игра на картата на национална гордост appeared first on Слободен печат.


Тргнаа изборните карвани: СДСМ ќе купува гласови со ветувања за подобар живот, ВМРО-ДПМНЕ ќе игра на картата на национална гордост was first posted on јуни 25, 2020 at 2:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....