3.8 C
Скопје
06:50 - 21 декември, 2024

Трет обид за спас

Со третиот сет мерки за економски спас опфатени се повеќе категории граѓани, најмногу најзасегнатите, a средства се наменети за стимулирање на потрошувачката, за поддршка на домашните производи, за кредитирање на претпријатијата и за овозможување на одржување на ликвидноста.

Македонските мали и средни претпријатија претставуваат повеќе од 99 отсто од регистрираните активни претпријатија, имаат клучна улога во функционирањето на националната економија. Тие со 65 отсто учество во бруто домашниот производ доминираат пред другите субјекти, обезбедуваат повеќе од 80 отсто од работните места во приватниот сектор и се столбот на македонската економија. Сепак, тие се најранливи на ефектите од економските шокови, со ограничени резерви на готовина. Без соодветни и непосредни фискални интервенции, значителен број од овие претпријатија нема да можат да ја пребродат кризата без импликации.

Упативме препораки до институциите, врз основа на консултации со нашата глобална мрежа во повеќе од 100 земји, да се применат дел од добрите практики кои можат да обезбедат максимален опфат за да се заштити одржливоста на малите и средни претпријатија. Со третиот сет на мерки важно е да се овозможи дополнителна неповратна финансиска поддршка за стопанството, но и да се продолжи со заеми без камати или со субвенционирани каматни стапки. Владата и Развојната банка треба да обезбедат брзи исплати и поволно финансирање, со што ќе се одржи ликвидноста во стопанството.

За третиот сет мерки неопходно е и да се воспостави постепен пристап за одобрување за финансирање, односно барањата за заем од пониска вредност да добиваат инстант одобренија без комплицирани процедури, додека барањата за поголемо финансирање да бидат предмет на стандардна проверка. Доколку правилно се примени, овој двостепен пристап може да обезбеди ликвидност за претпријатијата, истовремено дозволувајќи им на банките да спроведат анализа на ризик.

Новата состојба неминовно наметнува и користење на дигитални решенија за да се зголеми пристапот до финансии. Во нашата економија банките и помалите бизниси, за финансирање најчесто користат традиционалните канали. Затоа дигиталните и мобилните платформи треба да се сметаат како иновативен начин за исплата на итна поддршка. Во некои региони, мобилните оператори и алтернативните платежни услуги имаат поширок опсег дури и од банките, а добар пример за тоа се мобилните паричници.

Кога се во прашање малите и средни претпријатија, брзината со која ја добиваат неопходната поддршка често е еден од најважните фактори за опстанок. Иако повеќето претприемачи често по претрпен неуспех се обидуваат повторно, сепак, достапните податоци укажуваат дека околу 60 отсто од малите претпријатија никогаш не се отвораат повторно, по тешка кризна состојба. Сепак, со прилагодување кон условите на пазарот и со обезбедување силна финансиска поддршка, може да се помогне претприемачите да продолжат да работат и да се избегне губење на работни места и банкрот.

 

(Авторот е претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија)

The post Трет обид за спас appeared first on Слободен печат.


Трет обид за спас was first posted on мај 18, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....