2.8 C
Скопје
17:56 - 23 декември, 2024

Трамп или Бајден, што значи изборот на Американците за Блискиот Исток

Додека целиот свет го чека конечниот победник на претседателските избори во САД, кога се знае дека првиот човек во Белата куќа ќе ги диктира геополитичките односи, еден регион со особено внимание го очекува победникот.

Блискиот исток со децении наназад ги диктира безбедносните трендови кои се рефлектираат врз целиот свет.  Земјите во регионот имаат различни очекувања од победата на Трамп или Бајден, почнувајќи од отворено навивање за еден од кандидатите па се до пасивна летаргија околу евентуалниот победник.

Но овие избори можат да го сменат распоредот на најголемите играчи на Блискиот исток. Од изборите може да зависи и судбината на иранскиот нуклеарен договор, таканаречениот „договор на векот“ на претседателот Доналд Трамп за Израелците и Палестинците, како и трите активни конфликти кои го тресат регионот, Сирија, Либија и Јемен.

Ал Халифа, Нетанјаху, Трамп и Ал Нахјан на церемонијата во Белата куќа EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Авторитаризмот на цена од Египет во Саудиска Арабија

Бајден тврди дека ќе ја ревидира надворешна политика на Трамп на замижување пред автократијата и кршењето на човековите права. Саудискиот принц Мохамед Бин Салман ужива голема подршка кај претседателот Трамп, и принцот кој се преставуваше како реформатор при доаѓањето на власт набрзо почна со затворање на политичките противници а саудискиот владетел беше обвинет и дека стои зад убиството на критичарот на кралството Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Бајден од друга страна ветува повторна проценка на односите на САД со Саудиска Арабија. Подршката на САД кон Саудиска Арабија во однос на јеменската војна резултира со хуманитарна катастрофа во земјата,  десетици илјади животи и пат позиција на коалицијата предводена од Саудиска Арабија која не успева да ги победи бунтовничките Хути.

џо бајден
Џо Бајден на митинг во Атланта, Џорџија, 27 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/CURTIS COMPTON / THE ATLANTA JOURNAL-CONSTITUTION / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Сепак прашање е колку и Бајден е искрен во своите ветувања, бидејќи и администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама продаваше оружје во вредност од милијарди долари на саудијците, а исламското кралство е еден од најтрадиционалните американски сојузници на Блискиот исток.

Трамп го подржува и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси кој дојде на власт со воен удар, и Бајден вели дека ќе ја преиспита таа подршка. Но повторно Сиси дојде насилно на власт во 2013 година за време на администрацијата на Барак Обама.

 Зделката на векот“ со Израел и Палестина

 Како еден од крунските проекти на надворешната политика Доналд Трамп го преставува неговиот мировен договор за Израел и Палестина. Додека добиваше критики за едностраниот однос и фаворизирањето на Израел во процесот, во август Обединетите Арапски Емирати ги нормализираа односите со Израел како прва арапска или држава со мнозинство муслимани во повеќе од две децении која направила таков чекор, што преставува голем триумф за пристапот на Трамп.

При потпишувањето на договорот меѓу Вучиќ и Хоти во кабинетот на Трамп, двајцата лидери беа изненадени од точката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел што го покажува приоритетот на Трамп кон овој процес.

Вашингтон, САД / 4 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Бајден од друга страна ги поздрави договорите за нормализација и рече дека ќе поттикне повеќе земји во регионот да преземат чекори за да извршат слични зделки. Но, тој рече дека е против унилатерализмот што го дефинираше пристапот на Трамп кон Израел и Палестинците.Сепак не треба да се очекува голема промена на политиката кон Израел доколку победи Бајден, знаејќи за моќното израелско лоби во САД, и секој обид за повлекувањето на подршката за Ерусалим како главен град или ширењето на израелските населби ќе предизвика судир со еврејската заедница, кој Бајден нема да сака да се случи.

Иранскиот договор

 Пристапот на САД кон Иран е прашање околу кое најмногу се разидуваат Трамп и Бајден. Демократскиот предизвикувач вели дека ќе го врати нуклеарниот договор од ерата на Обама со Иран, од кој Трамп се повлече во мај 2018. Оттогаш Иран се справува со најтешките санкции со кои се соочил досега. Една година по повлекувањето на Трамп, Техеран рестартираше делови од нуклеарната програма кои претходно беа демонтирани.

Мајк Помпео за Иран и Ирак
Протести зад американскиот државен секретар Мајк Помпео додека сведочеше во Вашингтон на сослушувањето во Сенатот насловено „Евалуација на политиката на Администрацијата на Трамп кон Иран и Ирак и употреба на сила“, Вашингтон, САД/ 28 февруари 2020/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Доколку Трамп биде реизбран, на Иран ќе му биде тешко да се справи со уште четири години на тешка економска состојба, особено во време кога земјата е тешко погодена и од Корона пандемијата.

Кога упориштата на ИСИС паднаа во првата година од претседателствувањето на Трамп, Белата куќа го сврте вниманието кон се помоќниот Иран. Пропаѓањето на екстремистичката група се совпадна со кампањата на Трамп за „максимален притисок“ врз Иран,  поставувајќи ја сцената за регион кој постојано се враќа од работ на катаклизмичка војна.

Наследството на Обама во регионот, како и од неговите претходници не е позитивно за луѓето на Блискиот исток. Претседателствувањето на Обама е поврзано со конфликтите што започнаа во Јемен, Либија и Сирија и продолжија да беснеат во Ирак за време на неговиот мандат. Луѓето на Блискиот исток се сигурно скептици дека победата на Трамп или Бајден ќе направи клучна разлика во американската политика кон регионот но можат барем да се надеваат дека долгата низа неуспеси во надворешната политика на САД еден ден може да заврши.

The post Трамп или Бајден, што значи изборот на Американците за Блискиот Исток appeared first on Слободен печат.


Трамп или Бајден, што значи изборот на Американците за Блискиот Исток was first posted on ноември 3, 2020 at 4:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....