Момче од Скопје (28) се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост, а несреќата се случила околу 15.30 часот, кога момчето заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“, објави Батали.нет.
Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.
„Денес околу 15.30 часот пријавено е дека во водите на езеро „Младост“, М. С. роден 1992 година од Скопје се удавил. Телото е извадено. Се врши увид на местото на несреќата“, соопшти МВР.
The post ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“ appeared first on Слободен печат.
ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“ was first posted on јули 11, 2020 at 9:21 pm.