Во последните децении креатори на светските економски трендови се лидерите во производство на нафта.
Во видеото може да се следи рангирањето на најголемите земји производители на „црното злато“ во последните 120 години. Земјите се подредени по дневно производство од 1900 година до денес, а индикативно е како низ историјата редоследот се менува.
За првите седумдесет до сто години, САД биле неоспорен лидер, а руската експлоатација на нафта значително варира.
Русите ја преземале лидерската позиција во средината на седумдесетите години од минатиот век.
Почетокот на деведесетите на врвот на листата доаѓа Саудиска Арабија, а деценија подоцна на прво место се менуваат овие три земји.
Интересни се и трендовите во производството на нафта во Мексико, Венецуела, Норвешка, Кина, особено во арапските земји, како и во земјите на Африка.
The post ТИЕ ГИ КРЕИРААТ СВЕТСКИТЕ ЕКОНОМСКИ ТРЕНДОВИ: Најголемите производители на нафта во последните 120 години (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.