Џо Бајден, избраниот претседател на САД има богатство во вредност од 9 милиони долари, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на проценките од магазинот Форбс.
На почетокот од претседателската кампања, Бајден ја изнесе финансиската состојба за 2016, 2017 и 2018 година, и врз основа на тој извештај Форбс го процени неговото богатство на 9 милиони долари.
Американските медиуми наведуваат дека со победа на изборите неговото богатство ќе биде сигурно поголемо.
Како што уште од крајот на деведестите години од минатиот век напредуваше во кариерата, приходите на Бајден се зголемија од 42.500 долари на 174.000 долари годишно, покажуваат архивските податоци од Сенатот.
Кога е избран за потпретседател на Барак Обама, функцијата на која беше 8 години, доби дополнително покачување и почна да заработува околу 230.000 долари годишно, додека како претседател ќе заработува 400.000 долари годишно.
Бајден и неговата сопруга Џил сериозни пари почнале да заработуваат дури по 2017 година кога тој замина од функцијата.
Кога Бајден ги објави финансиските извештаи во јули 2019 година, се виде дека тој и Џил во текот на 2017 и 2018 година заработиле повеќе од 15 милиони долари.
Најголем дел од тие пари дојдоа од договорот за повеќе книги со Флетајрон букс, кои се проценуваат на осум милиони долари според Паблишерс викли, но Бајденови заработиле и многу пари држејќи говори во различни ситуации и на различни настани.
Сајт Таун и Кантри се повикува на Форбс, кој пишува дека неговите две куќи во Вилмингтон, во државата Делавер се вредни четири милиони долари, дека има уште толку во готово и во инвестиции, како и дека има околу милион долари од државната пензија.
The post „Тежок“ е дури 9 милиони долари – Џо Бајден влегува во Белата куќа со сериозно конто appeared first on Слободен печат.
„Тежок“ е дури 9 милиони долари – Џо Бајден влегува во Белата куќа со сериозно конто was first posted on ноември 8, 2020 at 8:44 pm.