4.8 C
Скопје
11:53 - 21 декември, 2024

„Тежок“ е 85 милијарди, а со години користеше телефон од 20 долари

Милијардерот Ворен Бафет досега не користеше ајфон, и покрај фактот што неговата фирма Беркшир Хетавеј има значаен удел во компанијата „Епл“.

Наместо тоа, четвртиот најбогат човек на светот со години го користеше моделот кој на интернет може да се купи по цена од 20 долари, моделот „SCH-U320“ на преклопување на „Самсунг“, пишува „БизнисИнфо“.

Фото: Амазон

Поради телефонот често беше предмет на шеги, а медиумите пренесуваат дека еднаш и самиот се пошегувал, велејќи: „Ми го позајми Александар Грахам Бел, а јас заборавив да му го вратам – рекол Бафет.

Но, без оглед на шегите, тој долго време му бил верен на моделот претставен во јули 2010 година со 2,2 инчен екран во колор.

Дури пред неколку дена го замени со најновиот модел на ајфон, но и тој телеффон главно го користи за телефонски повици.

Рече дека добил неколку телефони, а дека ајфон 11 лично му го дал Тим Кук, извршниот директор на „Епл“. Американските медиуми наведувааде дека е очигледно оти Кук подолг период го „наговарал“ Бафет да се префрли на ајфон, бидејќи еднаш рече дека лично ќе отпатува во Омаха ако на милијардерот му треба помош со новиот телефон.

Замената се случи, како што наведуваат американските медиуми, во многу значаен момент, бидејќи оваа година на сцена се враќаат телефоните на преклоп, а меѓу најочекуваните се „Моторола Разр“ и „Самсунг галакси З Флип“.

„Беркшир Хетавеј“ поседува речиси 5,5 отсто од „Епл“, што на 31 декември вредело речиси 72 милијарди долари, а „Форбс“ моменталното богатство на Бафет го проценува на 85,8 милијарди долари.

The post „Тежок“ е 85 милијарди, а со години користеше телефон од 20 долари appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....