3.8 C
Скопје
17:35 - 26 ноември, 2024

Tест прeд патување готов за еден час!

За еден час со брз пи-си-ар тест што го открива присуството на коронавирусот, македонските граѓани ќе може да се тестираат во повеќе државни јавно здравствени установи, доколку некоја од соседните земји се одлучи летово да бара тестирање пред влез на граница. Со ова уверување министерот за здравство Венко Филипче посочи дека дури и регионалниот пристап на повеќе соседни држави да биде таков да се бара задолжителен тест пред патување, македонскиот здравствен систем тоа ќе може да го издржи и со капацитети и со ресурси. Во меѓувреме, Србија најави дека нема да бара македонските државјани да се тестираат пред да влезат во оваа држава, а Србија ќе ги отвори границите на 1 јуни.

Владата уште нема донесено став за отворање на границите и на аеродромите бидејќи се координира со соседните земји.

– За тестирањето постои начин да се надгради, сега работиме на систем на брзи пи-си-ар тестови. Тоа се тестови што го идентификуваат вирусот, а апарати има на неколку институции – на Клиниката за инфективни болести, во Институтот за микробиологија и во други јавноздравствени установи. Резултатот стигнува за 1 час. Во таа смисла, ако тоа е некаква заедничка одлука, нема да биде проблем да го спроведеме – појасни Филипче.

Викендов во Атина македонскиот и грчкиот министер за здравство разговараа за тоа транзитот на граничните премини Евзони и Богородица да биде забрзан, за да не се создаваат гужви при патувањето, а исто така се дискутирала и опцијата за бесплатно здравствено лекување во Грција за Македонците, доколку го „закачат“ коронавирусот во соседната земја. Но, официјален документ сѐ уште се изработува и се координира, по што документот ќе им биде понуден и на другите земји од регионот. Причината поради која се очекува сите држави од регионот да имаат координиран пристап за границите и за аеродромите е тоа што во сите имало приближно ист процент на заразени и сите земји се со прилично еднаков степен на ризик за ширењето на заразата со ковид-19.

– За време на разговорот со грчкиот колега, го споменавме тестирањето како една можност за заштита на здравјето, меѓутоа и ризикот дека тоа нема да има ефект ако станува збор за масовни патувања на голема бројка граѓани, кои би биле измешани со граѓани на други земји. Па, престојуваат за време на летните месеци во хотели, во апартмани и не сме сигурни дека тоа е некаква заштита на граѓаните. Еве, Србија најави дека нема да бара тестови за земјите од регионот, зашто имаа приближно ист број заразени со ист процент на ризик – рече Филипче.

Во меѓувреме се менува и алгоритамот за тестирање во земјава и конечно и тие што не знаат дали биле во контакт со заразен, ќе добијат државен тест за ковид-19.

Комисијата за заразни болести, имајќи ја предвид моментната епидемиолошка состојба и фазата на епидемијата во која се наоѓаме, на завчерашниот состанок одлучила да се измени алгоритамот за тестирање за коронавирус, кој досега не беше поволен за оние што не знаат или не можат да посочат со кое заразено лице биле во контакт. Имено, од вчера државен тест ќе може да добијат и тие луѓе со горнореспираторна инфекција, а кои не знаат, немаат информација или не се сигурни дека биле во контакт со потврден или со сомнителен случај.

Прашањето што досега им беше поставувано на граѓаните што се обидуваа на државно да добијат тестирање поради симптоми, а кое гласеше: „Дали сте имале контакт со потврден случај на растојание поголемо од два метра или пократко од 15 минути“, комплетно се отфрла од прашалникот и се заменува со „немате информации или не сте сигурни дека сте биле во контакт со потврден или сомнителен случај“. Со ова прашање се опфаќаат сите пациенти што немаат информација дека биле во контакт со сомнителен или со потврден случај. За ова се информирани сите матични лекари.

Со промена на алгоритамот на тестирањето, се анулира можноста системот да ги отфрли лицата што имаат симптоми, а не можат со сигурност да потврдат дека биле во контакт со заразен.

The post Tест прeд патување готов за еден час! appeared first on Слободен печат.


Tест прeд патување готов за еден час! was first posted on мај 20, 2020 at 3:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....