00:07 - 24 септември, 2026

Северина во проблеми: Мора да плати казна поради објавена фотографија од синот

Северина Којиќ и Игор Којиќ се на раб на развод, пишуваат српските медиуми, иако хрватските судови велат дека такво барање сè уште не стигнало кај нив.

Северина во Белград дошла кон средината на март за да го види синот Александар кого го има со српскиот претприемач Милан Поповиќ. Поради пандемијата на коронавирусот останала во Белград, односно во семејната куќа на нејзиниот сопруг и наводно таму ескалирале проблемите меѓу Севрина и Игор.

„Игор на почетокот на врската беше навикнат Северина да заработува од настапите. Кога почна пандемијата, Северина престана да настапува, како и сите пејачи, а бидејќи има многу казни што треба да ги плати на судот, плус животните трошоци, кои секогаш паѓаат на неа, мораше да го скрати буџетот. Игор тогаш полуде“, тврди извор за српските медиуми.

Во меѓувреме Северина изгубила уште еден судски спор. Ја прекршила привремената мерка која важи до завршување на парницата со поранешниот сопруг, а тоа е дека не смее да објавува фотографии од нивниот син.

За објавување на фотографија од синот Северина мора да плати околу 650 евра (5000 куни), а казната ќе се зголеми, и тоа двојно, секој следен пат кога фотографија од детето ќе се појави на социјалните мрежи. А како што пишуваат српските медиуми, тоа и се случило.

Според гласините, Игор ја обвинил Северина дека таа е виновна за сите нивни проблеми, и дека семејството ќе банкротира поради неа, на што таа му возвратила: „Сакаш пари? Па заработи!“

Потоа Северина се вратила во Загреб, а Игор останал да работи во Белград како фудбалски менаџер. Оља и Драган Којиќ наводно не го поддржале синот во таа одука, велејќи му дека не може да ја остави сопругата во проблеми, но тој наводно е убеден дека донел правилна одлука.

Пред неколку дена Којиќ ја избришал заедничката фотографија со Северина од својот профил. Јавно не и го честитал ни роденденот, што досега секогаш го правел тоа.

Слични објави

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и сопругот Рубин на романтично патување во Бугарија, позираа во складни комбинации

Еспресо

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо
Се вчитува....