3.8 C
Скопје
22:57 - 20 декември, 2024

СЗО со нови насоки за евидентирање на смртноста: Ако пациентот е позитивен, а почине од инфаркт нема да се ,,брои” во починатите од ковид-19

Пациентите што ќе починат од инфаркт, дури и кога брисот за ковид-19 им е позитивен, не треба да се водат како смртни случаи како последица на ковид- 19. Ова го пишува во водичот на Светската здравствена организација што го добиле неодамна директорите на повеќе скопски клиники за тоа како се класифицира што е смрт предизвикана од ковид-19.

Во упатството пишува дека луѓето што се позитивни на Ковид 19 може да починат како последица на други заболувања или состојби, меѓу кои и инфаркт и дека ваквите случаи не би требало да се водат како „смрт предизвикана од ковид-19“.

Истиот принцип во упатството се препорачува и за оние што починале во сообраќајни незгоди, а чии брисови биле позитивни за коронавирус. Досега во земјава, пациентите што починале во сообраќајки, а за кои посмртниот брис покажал позитивен резултат, беа водени во статистиката на починати, исто како и случаите каде смртта е последица на самоубиство.

Досега во земјава се регистрирани 341 смртен случај од коронавирус. Само последната недела, според статистиката што ја објавува Министерството за здравство, починале 55 лица. Неделата пред тоа пак, пријавени биле вкупно 57 смртни случаи од 10 градови. Најголемиот дел од нив биле на возраст над 60 години, вкупно четириесет и двајца. Од починатите, 55 биле хоспитализирани, а двајца починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 44 починати лица.

Професорот на Институтот за микробиологија, доктор Никола Пановски, прогнозира дека до крајот на годината, во едно од најоптимистичните сценарија, ќе имаме 1.000 починати и тоа доколку народот почне да ги почитува препораките за заштита.

– Има уште 180 денови до крајот на годинава. Ако има по 4 смртни случаи просечно секој ден, тогаш тоа ќе бидат 720 случаи, плус овие досега што ги имаме. За жал, 1.000 смртни случаи до крајот на годинава е оптимистичка прогноза, вели докторот.

Има се поголем број на докази дека луѓето што имаат постоечки хронични болести или имунокомпромитиран систем, имаат поголем ризик од смртност од коронавирусот. Ако починатиот има постоечки хронични болести, како на пример шеќерна болест, СЗО препорачува тие да бидат наведени како причинители на смртта на самиот сертификат.

Додека смртноста расте, болниците кубурат со персонал. Матичните лекари испратиле барање до Лекарската комора да им објасни кога може да ги искористат заостанатите одмори од 2019 година како и тековните од оваа година. Во ГОБ „8 Септември“ пак, секоја вечер во просек се носат петнаесетина најтешки случаи на бронхопневмонии, кои веднаш мора или да се постават на респиратор, или да се постават на кислородна поддршка. Во оваа болница има 13 анестезиолози, но двајца од нив веќе побарале отказно решение за да одат да работат во приватни здравствени установи. Неофицијално, и од други државни болници има барања на специјалисти лекари кои си даваат отказ и заминуваат во установи кои не третираат пациенти со ковид.

И понатаму остануваат препораките лицата со лесна клиничка слика да се лекуваат дома. Најчестите симптоми се температура, кашлица, малаксаност, треска, главоболка, болка во грлото и отежнато дишење. Здравствените власти нотираа дека причината за смртните случаи е меѓу другото и тоа што пациентите долго време се лекуваат дома, а во болница доаѓаат кога состојбата им е екстремно влошена и сатурацијата исклучително ниска, па не може многу да се стори за подобрувањето на нивната здравствена состојба и завршуваат со фатален исход.

Завчера регистриран беше и вториот случај на смрт кај здравствен работник во земјава, лекар од Тетово, покрај фармацевтот од Струга што битката со коронавирусот ја загуби пред два месеци. Станува збор за доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово, кој бил хоспитализиран поради невролошки проблеми но и позитивен на ковид-19. Битката со болеста тој ја загубил после 15 дена болничко лекување.

The post СЗО со нови насоки за евидентирање на смртноста: Ако пациентот е позитивен, а почине од инфаркт нема да се ,,брои” во починатите од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


СЗО со нови насоки за евидентирање на смртноста: Ако пациентот е позитивен, а почине од инфаркт нема да се ,,брои” во починатите од ковид-19 was first posted on јули 6, 2020 at 1:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....