Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе почне со вакцинирање на населението против короанвирусот во октомври.
„Понекогаш одредени истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна новина“, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмејер.
„Но меѓу пронаоѓањето или индициите дека се поседува вакцина која дејствува и вакцина која поминала низ сите фази, има голема разлика“, додаде тој.
Руската вакцина не е на листа на СЗО од шест вакцини кои дојдоа до третата фаза од клиничкото испитување.
Руските здравствени власти во саботата објавија дека се подготвуваат да почнат вакцинирање против коронавирусот во октомври.
Министерот за здравство Михаил Мурашко рече дека лекарите и професорите ќе бидат први кои ќе ја примат вакцината, а потоа постапно и остатокот од населението.
Додаде дека клиничкото испитување на вакцината развиена во Русија е завршено и дека во подготовка е нејзиното одобрување.
„Планираме сеопфатно вакцинирање во октомври“, рече тој.
Досега Русија не даде научни податоци за таа вакцина за независна евалуација.
Истражувачите на институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеа во Москва веќе во јули објавија дека развиле вакцина, за која велат дека создава имунитет на коронавирус без негативни нус појави.
The post СЗО предупреди за руската вакцина: Не е на нашата листа! appeared first on Слободен печат.
СЗО предупреди за руската вакцина: Не е на нашата листа! was first posted on август 4, 2020 at 7:56 pm.