2.8 C
Скопје
17:44 - 24 декември, 2024

Свадба со 100 гости во Битола: Малку се развеселиле и сликите почнале да излегуваат на Инстаграм!

венчавка свадба

Инспектори од Пазарниот инспекторат во саботата вечерта, на Инстаграм забележале фотографии од свои сограѓани од Битола кои присуствувале на свадба со 100 гости во локал специјализиран за таков вид веселби. Гостите на социјалните мрежи се расфрлале со честитки и поздрави до младата брачна двојка, објавувајќи фотографии од голем локал специјализиран за организирање церемонии и веселби. Очигледно било дека на организацијата на свадбата се работело темелно и дека таа се случувала во моментот на објавувањето на фотографиите. Кога инспекторите се упатиле на терен, имале што да видат. Невестата била во венчаница, маски и дистанца не се одржувале, имало ордевери и маси за 100 присутни гости, паркирани возила пред објектот на отворено и веселба во полн ек. Со оглед на тоа што било околу 20 часот навечер, не била повикана полиција. Свадбата предизвикала огромно внимание и била тема на дискусија дури и на состанокот на Комисијата за заразни болести завчера. Доколку фотографиите не се појавеле на социјалните мрежи, голема е веројатноста никој никогаш да не дознаел за оваа церемонијална веселба.

До Jавното обвинителство поднесена била кривична пријава против угостителскиот објект, за непостапување според здравствени прописи во време на пандемија. Но, пазарната инспекција нема надлежност да ги легитимира гостите, а полиција не излегла на лице место. Оттука, доколку некој на оваа церемонија бил позитивен или асимптоматски носител на коронавирусот, ова може да претставува опасност за ширење на вирусот. Токму од вакви причини Комисијата за заразни болести изработи протоколи за тоа под кои услови може да работат угостителските објекти, во кои што експлицитно е забрането организирање големи церемонии, како свадби, матурски, крштевки и други веселби со голем број присутни гости за различни поводи. Но, тоа воопшто не ги поколеба граѓаните кои деновиве се во свадбарско матурски транс, да продолжат да се веселат и да го игнорираат вирусот.

Од свои доброупатени извори во инспекторатот, дознаваме дека некои од славениците што организираат масовни прослави, во ,,трошокот” за веселбата ,,си ја пресметале и казната”, па оттука кривичните пријави се единствениот спас за спроведување на правдата. Државата уште има механизми да се справи со прославите во угостителските објекти, но оние што се случуваат во дворови, станови, куќи и подруми се надвор од надлежноста на било која институција. МВР и Обвинителството си ја префрлаат топката, едните велат дека не можат да влегуваат на приватни собири во домашен амбиент без налог, а ОЈО пак дека не може да постапува без пријава од МВР.

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на ,,Слободен печат” на вчерашната прес конференција, остро ги осуди масовните собирања на кои сведочиме деновиве во приватна режија. Тој рече дека ваквата неодговорност е поигрување со трудот на здравствените работници и здравствениот систем, кој е столбот на државата.

– Апсолутно ги осудувам, апсолутно. Не можеме да си дозволиме таков луксуз да си поигруваме со трудот на здравствените работници целиот овој период, со здравствениот систем генерално, а и со државата. Внимавајте, здравствениот систем е во моментов столбот на државата. Не смееме да си дозволиме со нашето неодговорно однесување да го загрозиме. Лекарите и сестрите работат по 24 часа од почетокот на кризата. Дел од нив се преморени. Ова е апсолутно минимизирање на нивниот труд и нивниот влог во здравјето на граѓаните. Повторно ќе апелирам, сите институции да работат интензивно на терен и да ги санкционираат сите овие настани. Граѓаните да не ги организираат, рече Филипче.

Инспекторите разбивале и матурски и полуматурски прослави. Таков е примерот со познат ресторан во Делчево кој организирал прослава и за матурска и за полуматурска забава, а форографиите од веселите семејства, сместени на споени и долги маси, тие самите ги објавуваа на социјалните мрежи.

Пазарните инспектори имаат полни раце работа, дежураат дури до 23 часот навечер седум дена во неделата.

The post Свадба со 100 гости во Битола: Малку се развеселиле и сликите почнале да излегуваат на Инстаграм! appeared first on Слободен печат.


Свадба со 100 гости во Битола: Малку се развеселиле и сликите почнале да излегуваат на Инстаграм! was first posted on јуни 23, 2020 at 11:04 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....