24.8 C
Скопје
15:06 - 29 март, 2024

Судиите „многу добри“ – судовите неажурни?!

Голем дел од судовите во земјава се неажурни и трупаат предмети, оценува Судскиот совет во годишниот извештај за 2019 година, кој деновиве се очекува да се најде на разгледување пред пратениците. Според податоците, на почетокот на 2019 од претходно биле наследени 91.608 предмети, а во текот на годината примени се 523.700 нови предмети. Вкупно решени биле 518.216 предмети, така што на крајот на годината останале нерешени 97.092 случаи. Поради ваквите бројки оттаму оценуваат дека судовите во целина работеле неажурно, со оглед дека не успеале да го совладаат приливот и го зголемиле заостатокот за 5484 предмети, а во неажурните се вбројуваат и Кривичниот суд, Основниот граѓански суд, како и Апелација. 

Воедно Судскиот совет за изминатата година запрел 22 постапки за утврдување одговорност кај судии, а офрлил 58 вакви барања. Од друга страна, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција разрешени биле четири судии.

Приоритетите на Советот, како што наведуваат во годишниот извештај, ќе се однесуваат на обезбедување и гарантирање на независноста на судството, преку унапредување на процедурите за избор и унапредување на судиите, оценување на нивната работа, и на системот за утврдување на одговорност на судиите. Пофалба за работата Судскиот совет доби и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

– Судските институции спроведуваат нови правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии, а Судскиот совет попроактивно ја извршува својата улога, се вели во Извештајот на ЕК.

Како што брифираат од Министерството за правда, токму Судскиот совет го очекуваат и поголем број обврски, бидејќи најверојатно токму оваа институција ќе ја спроведува најавата за преоценување на 5% застарени предмети, или оние пред застарување, а кои се однесуваат на висока корупција или организиран криминал.

Во меѓувреме, за време на редовното оценување на судиите вкупно 452 судии според Судскиот совет се оценети со „многу добар“ или 90,40%, 42 судии се со оценка „добар“ или 8,40%, пет судии се со оценка „задоволителен“ или 1% и еден судија е „незадоволителен“ или 0,20%.

Според дел од невладините организации, пак, надзорот врз работата на судиите со новиот Закон за Судски совет е отежнат и сметаат дека овој орган дозволил голем број судии да продолжат да работат неодговорно. Директорот на здружението „Зелена лупа“, Васко Тодоровски, вели дека Европската комисија во Извештајот се фокусирала на реформите преку теоретско видување, а во практика нештата биле поинакви.

– Иницијативите што ги поднесувавме стојат во Судскиот совет и по нив не се постапува, како оние за апелативните судии што одлучија Сеад Кочан да се брани од слобода, како и против судиите што истото им го овозможија на Бошковски и Грујовски. Тоа е парцијална правда. Нема предвидено рокови за одлучување по иницијативите, смета Тодоровски.

Тој додава дека сега за иницијатива за несовесно работење, судијата треба претходно да заработи две опомени и да се покрене дисциплинска постапка против него за да може да се покрене одговорност за негово разрешување, но од друга страна за јавноста останува непозната бројката на опомени, која ја има само претседателот на судот.

5% предмети по случаен избор е лотарија. Лошо е за правосудството ако ние тераме правда преку лотарија. Мора да се преиспитааат предметите за кои се крена голема бука. Тоа се десетина предмети со преземање бизниси на граѓани кои беа противници на режимот на Груевски мора да бидат земени на ревизија, а потоа и останатите, нагласи Тодоровски.

Според директорот на „Зелена лупа“ ветингот во судството нема да ги даде посакуваните резултати. За ефикасна борба која ќе доведе до просчистување во судството тој предлага разрешување на минимум дваесет судии, за кои веќе постојат докази и сомненија дека спроведувале политички наредби. Тодоровски препорачува овие судии веќе да не ја вршат дејноста и по цена на екипираноста во судиите, велејќи дека здравото јаболко доаѓа од овоштарник, а не од пазар, па подобро е од Академијата за судии и обвинители да се ангажираат млади и не толку искусни судии, но чесни, отколку искусни што биле инволвирани во криминални мрежи.

The post Судиите „многу добри“ – судовите неажурни?! appeared first on Слободен печат.


Судиите „многу добри“ – судовите неажурни?! was first posted on октомври 13, 2020 at 12:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....