20.8 C
Скопје
19:34 - 28 април, 2024

Сузан Шуц: Односите меѓу С.Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани”

Сузана Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, изјави дека решавањето на проблемите на Западен Балкан повеќе не може да се одложува, дека времето е многу важен фактор и дека е важно да се работи на воспоставување на владеење на правото и на примена на законите.

Шуц од Берлин, вклучувајќи се на онлајн конференцијата „Две децении од почетокот на нормализација на односите меѓу дејтонската четворка”, порача дека регионот е приоритет за Германија, како и членството на земјите од регионот во ЕУ и економскиот инвестициски план кој ќе биде приоритет во наредниот период.

-Постигнавме многу во изминатите 20 години, Словенија и Хрватска се членки на Унијата, Црна Гора и Србија преговараат за пристап, а Северна Македонија и Албанија во март добија зелено светло да започнат преговори. Се надеваме дека до крајот на годината и германското претседателство со Унијата ќе ги имаме првите меѓувладини конференции, изјави Шуц.

Таа оцени дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани”, а што се однесува до Албанија, постојат голем број услови кои мора да бидат исполнети.

Шуц кажа дека дијалогот меѓу Србија и Косово е „камен на сопнување” за регионот и изрази надеж дека во следните месеци ќе се оствари потребниот напредок.

Според неа, 25 години по Дејтон, Босна и Херцеговина сè уште е поделена по етнички линии, државните структури се нефункционални и тешко е да се постигне консензус за основните прашања.

Нагласи дека Берлинскиот процес е исто така многу важен за регионот и се надева дека ќе биде можно физички да се одржи во ноември во Софија, кога коорганизатори ќе бидат Бугарија и Северна Македонија.

 

The post Сузан Шуц: Односите меѓу С.Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани” appeared first on Слободен печат.


Сузан Шуц: Односите меѓу С.Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани” was first posted on октомври 13, 2020 at 1:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....