-0.2 C
Скопје
09:57 - 23 декември, 2024

Судбината на руската принцеза стана една од најголемите мистерии на 20 век, која е вистината за Анастазија Николаевна Романова?

Големата кнегиња Анастазија Николаевна Романова, четврто од петте деца на рускиот цар Николај и царицата Александра Фјодоровна, била родена на 18. (5. по стариот календар) јуни 1901 година во Петерхоф, или Петров дворец, кој се наоѓа на 20 километри од Санкт Петербург. Им била помлада сестра на големата кнегиња Олга, големата кнегиња Татјана, големата кнегиња Марија и кога се родила, царското семејство очекувало престолонаследник, кој се родил дури три години подоцна.

View this post on Instagram

The Imperial Family

A post shared by Grand Duchesses of Russia (@lovelyotma) on

Царското семејство главно живеело во Царското Село во Александровата палата. Децата на Романови, иако припадници на една од најмоќните владетелски семејства во Европа, се воспитувани на едноставен начин. Девојчињата ја делеле собата, се очекувало сами да ја чистат, да плетат џемпери што би ги продавале на хуманитарните приредби. Децата спиеле на тврди кревети и наутро се капеле со ладна вода. Никој, вклучувајќи ги и слугите на дворот, не ја користел титулата „Ваше императорско височество“, туку децата биле нарекувани традиционално на руски начин, со името и името на таткото.

View this post on Instagram

Anastasia Nikolaevna, 1906

A post shared by Grand Duchesses of Russia (@lovelyotma) on

View this post on Instagram

Maria Nikolaevna, 1906

A post shared by Grand Duchesses of Russia (@lovelyotma) on

View this post on Instagram

Tatiana Nikolaevna, 1906

A post shared by Grand Duchesses of Russia (@lovelyotma) on

Најшармантното дете на Романови

Анастазија Николаевна важела за семеен забавувач, енергично и весело дете, кое според зборовите на гувернантката Маргарета Егер, било и најшармантното дете на Романови, надарено и паметно, но и склоно кон непослушност. Сите ќерки на Романови сликале, а Карл Фаберже ги подучувал и како се прави накит. Царицата Александра не сакала децата да бидат без работа, па на дворот доаѓале различни професори што ги подучувале на многу вештини и знаења.

Сестрите биле блиски со својот мал брат, престолонаследникот Алексеј, но тој поради хемофилијата имал посебен третман, не смеел со ништо да се пресече, да се повреди во игра и често лежел исцрпен од болеста. Царот и царицата, очајни поради здравјето на престолонаследникот, веќе во 1907 година чуле за еден исцелител, народен човек, Григориј Распутин, чија биографија ни до денес не е разјаснета до крај.

Кој бил Распутин?

Не може со сигурност да се тврди кој бил тој, дали калуѓер, исцелител со посебни моќи, мистик, водач на секта, човек што имал задача да се приближи на дворот, лудак или езотерик… Во секој случај, многу брзо со помош на своите ритуали и можеби дури и хипноза, тој успеал да ја подобри состојбата на малиот престолонаследник.

Царот и царицата почннале да го сметаат за свој духовен советник и Распутин набргу станал една од највлијателните личности на дворот на царот Николај, многу близок со децата и со самата царица, а и советник на царот по сите прашања.

Руското благородништво исто така го прифатило за свој советник, а моќта на Распутин на дворот сè повеќе расте и тој наскоро почнал да се меша во сите дворски работи. Во високите кругови, но и меѓу народот, почннале да се раскажуваат приказни за неговиот однос со царските деца, за тоа дека тој по сексуален пат ги „ослободува од гревови“. Поради скандалот и влијанието врз царот, дел од власта, но и воениот врв, направиле план против Распутин и во средината на Првата светска војна, 1916, тој бил убиен.

Пекол во куќниот подрум

Царското семејство Првата светска војна ја дочекало во Малата палата во Петерхоф, а двете постари принцези заедно со царицата почнале да работат како воени болничарки.

Принцезата Марија и Анастазија сè уште биле мали за да бидат болничарки, но и тие помагале, посетувајќи ги ранетите војници. Принцезата Олга доживеала нервен слом во 1916 година, а потоа целото семејство било многу потресено со убиството на Григориј Распутин, кого го сметале за свет човек. Околностите по тоа убиство се влошувале. Веќе во февруари 1917 е крената првата револуција против царот и тој е натеран да се одрекне од престолот во свое и во името на својот син.

Набргу во Русија почнува граѓанска војна, а семејството е затворено пет месеци во Александровиот дворец. Бидејќи белата гарда се приближувала, претседателот на привремената влада Александар Керенски, кој веќе тогаш бил жител на Зимскиот дворец, ги префрлил во Тобољск, гратче во Сибир, а оттаму во Екатеринбург. Кога белата гарда во војната со болшевиците стигнала до Екатеринбург, царското семејство веќе го немало.

Ноќта меѓу 16 и 17 јули 1918, семејството Романов е однесено во малиот подрум на куќата. По неколку минути во собата влегол бољшевикот Јаков Јуровски со џелати и кратко ги информирал царот и семејството дека ќе бидат убиени. Истиот миг почнало пукањето.

Според службената белешка на Јуровски, кога се расчистил густиот чад во собата, воочено е дека неколку куршуми се одбиле од корсетот на две од трите принцези, кои во корсетите имале сошиено дијаманти, за да ги скријат од стражарите. Марија и Анастазија, собрани покрај ѕидот, се докрајчени со бајонети и куршуми. Заедно со царското семејство убиени се и три слуги и семејниот лекар Боткин.

Легендата за преживувањето на кнегињата Анастазија почнува веднаш по убиството на семејството. Неколку сведоци тврделе дека виделе една од принцезите во бегство по ноќта на убиството. Дури и припадниците на Белата армија носеле потврди за идентификација на принцезите, но денес се тоа се смета за гласини.

Неколку жени во текот на 20 век се претставуваа како Анастазија, а една од најпознатите Ана Андерсон, умре во САД во 1984. Сепак, ДНК-тестовите подоцна потврдија дека оваа приказна не била точна.

Чие тело недостасувало? 

Приказната за исчезнатата, но преживеана принцеза ги полнеше насловните страници на весниците, снимани се филмови, дури е направен и анимиран филм, кој тврди дека Анастазија по убиството на семејството успеала да побегне во Париз. Сепак, во 1991 е пронајдена масовната гробница на семејството Романов, а бројот на костурите не одговарал на бројот на убиените во таа ноќ, и повторно почнаа приказните кои две деца недостигаат во заедничката гробница.

Руските и американски научници користеа најразлични методи за истражувања и утврдија дека недостига телото на малиот цар Алексеј, но не се согласувале околу принцезата што исчезнала, Русите тврделе дека недостига телото на принцезата Марија, а Американците – на Анастазија.

Во јули 2007 пронајдени се и остатоците и на двете исчезнати деца, недалеку од Екатеринбург, за кои истрагата утврди дека станува збор за принцезата Марија и царот Алексеј. Така, по 90 години од трагичното убиство се идентификувани сите тела на царското семејство.

Руската православна црква во 2000 година го прогласи царското семејство за свето.

The post Судбината на руската принцеза стана една од најголемите мистерии на 20 век, која е вистината за Анастазија Николаевна Романова? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....