-1.2 C
Скопје
06:50 - 19 декември, 2024

Страв од летање

Според стравот што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го манифестира од можноста наскоро да се излезе на избори, не може да се заклучи ништо друго освен дека тамошните очекувања од резултатите се – изборен пораз.

Да речеме дека е тоа точно и дека тој страв им е оправдан. За секое партиско раководство тоа значи соочување со персоналните политички последици по поразот, со преземањето одговорност за поразот. Би било за очекување дека, во таква ситуација, партијата би морала да се праша во што е проблемот и што треба внатре, во самата партија, да се менува?

„Длабочината“ на таа неопходна постизборна интроспекција можеби е и суштината на сегашниот страв од избори?

Сепак, не е за верување дека и повторен изборен пораз ќе ја натера опозицијата да се замисли врз сопствената внатрепартиска реформа.

Имено, реформите се секогаш врзани и, всушност, почнуваат со кадровски промени, почнувајќи од претседателот на партијата. Доколку ги изгуби изборите, сегашната позиција на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ ќе стане неодржлива. Неговата претпоставена оставка ќе ги покрене статутарните механизми за бирање на ново раководство, но партијата во изминатите три години успешно, прилично темелно се „исчисти“ од внатре од сите оние кои можеа да претставуваат закана по сегашната партиска врхушка, која и вака одржува деликатен баланс на меѓусебните сили. Она што е останато како влијателни структури во партијата – од што ќе се „регрутира“ составот на луѓето кои би го предлагале и бирале новиот претседател, односно за тоа каде ќе заврши „партискиот печат“ – се, повеќето, уште порадикални струи по сите важни демократски и политички прашања од она што го претставува самиот Мицкоски. Неговото досегашно претседателствување е, всушност, резултат на компромисот со овие структури, за сметка на формалното или неформалното отстранување на сите поумерени вмровци од можноста да влијаат врз идеолошките и практичните политики на партијата. И нејзиното неславно, скорешно минато.

Кога Мицкоски ќе најави повлекување (бидејќи, меѓу другото, тој нема да биде член ни на новиот собраниски состав), внатрепартиските пресметки ќе се одвиваат помеѓу вакви структури, со голема веројатност да победи поекстремна националистичка опција од оваа што, барем наизглед, се чини „цивилизирана“ со некои луѓе околу Мицкоски. Особено што изгледа тешко дека самиот Мицкоски ќе биде во ситуација да го „интронизира“ својот наследник, како што тоа го направи Груевски со него. Дури, се чини поверојатно дека Груевски ќе го „избере“ и следниот партиски претседател, иако за таа партиска „алхемија“ ќе треба многу византиски алатки – поткупи, притисоци, уцени, дискредитации, колнења и молби – со кои сега не е јасно дали тој сè уште располага, во доволна мера.

Со други зборови, „наследникот“ на Мицкоски ќе биде уште потврдоглаво и понекооперативно решение за евро-атлантската иднина на Македонија во која земјата е длабоко навлезена и на домашен и на меѓународен план. Тешко дека на чело на ВМРО-ДПМНЕ, по Мицкоски, би дошол некој (за „некоја“ ќе причекаме) кој би бил расположен да ја менува партиската политика по сите важни надворешно-политички прашања на земјата, а кој во внатрешната политика би заговарал компромиси, зголемување на довербата и намалување на конфронтацијата, па и омразата кон идната власт.

Не е неопходно овде да се наведуваат три-четирите имиња за најверојатните наследници на Мицкоски – и сите тие се чинат како полошо среднорочно решение не само за самата партија, туку и за целата политичка клима и сцена во Македонија.

Таквата внатрепартиска состојба во опозицијата, со страв од изборниот пораз по кој никој не е сигурен како политички лично ќе авансира, ја „парализира“ нејзината волја за скорешно изборно соочување со опонентите. Не е тоа само страв од неосвојување на власта во државата, туку и страв од губење на власта во партијата. Таа тензија е речиси опиплива. Бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ, историски, внатрепартиските пресметки секогаш биле крајно непријатни, овековечени со „предавства“, често брутални и „до коска“.

Зошто, инаку, би била опозицијата толку уплашена да оди на избори?

The post Страв од летање appeared first on Слободен печат.


Страв од летање was first posted on мај 26, 2020 at 8:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....