-3.2 C
Скопје
05:37 - 23 декември, 2024

Стевановиќ: Несфатлива ми е неопходноста од закана за казнени мерки за некој да преземе едноставни да се заштити од ковид-19

Непочитувањето на превентивните мерки за заштита од ковид-19 од граѓаните и нивното опуштање во однесувањето, го гледаме пресликано во бројките на новоинфицирани со корнавирусот, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

– За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за некој човек да преземе едноставни мерки за да се заштити себеси и своите блиски. Навистина тоа не ми е прифатливо, истакна Стевановиќ во вечерашната емисија „Топ Тема” на ТВ Телма, додавајќи дека не верува оти станува збор за неинформираност кај овие луѓе.

Таа посочи дека во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 95 лица, што е речиси колку и максималниот болнички капацитет.

– Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти, а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време капацитетот на Клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти, нагласи Стевановиќ.

Според неа, причините за големиот број починати од коронавирусот во земјава се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што е невозможно во сегашниот период на пандемија.

– Од луѓето кои ја губат битката со ковид-19, 72 отсто имаат опасни коморбидитети и тоа по два коморбодитети – висок крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, хематолошки болести, изјави Стевановиќ, потенцирајќи дека лицата кои починуваат доаѓаат предоцна во болница.

Според неа, над 50 процени од болните одат на лекар најмалку седум, па дури и до десет дена по почетокот на заболувањето, кога веќе имаат тешка болест со развиени тешки симптоми и последици и кога грижата за нив е исклучително тешка и сложена.

The post Стевановиќ: Несфатлива ми е неопходноста од закана за казнени мерки за некој да преземе едноставни да се заштити од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Стевановиќ: Несфатлива ми е неопходноста од закана за казнени мерки за некој да преземе едноставни да се заштити од ковид-19 was first posted on октомври 13, 2020 at 8:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....