“Искочете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на Унија на жени. Веднаш.” – Ова е пораката од претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, во телеграм комуникацијата испратена до сите претседателки на Општински комитети.
На оваа порака, се надоврзува Лилјана Затуровска, генерална секретарка на Унијата на жени на партијата, која напишала: „Давам и овде и јавно тоа го направив безрезервна поддршка за нашиот легитимно избран претседател и раководството на партијата’.
Претходно одговорност и оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим, побара поранешната пратеничка, Весна Дамческа-Илиевска, која беше придружувана од актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Мицкоски мора да сноси одговорност бидејќи паријата изгубила локални, претседателски, а сега и парламентарни избори.
Инцијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Мицкоски и вонреден конгрес
The post „Статуси за поддршка на Мицкоски веднаш“, им пишала Ласкоска на сите претседателки на Општински комитети appeared first on Слободен печат.
„Статуси за поддршка на Мицкоски веднаш“, им пишала Ласкоска на сите претседателки на Општински комитети was first posted on август 21, 2020 at 8:02 pm.