Стауафест – Другото лице на улицата и оваа како и секоја претходна година испраќа глобална порака, а годинава, избрана е актуелната тема која е глобална оваа 2020-та година и која го „парализираше” светот – коронавирусот.
Конкретниот постуалт на фестивалот е: Скопје во време на корона.
Целта на овогодинешниот фестивал е преку уличните живи статуи да се прераскаже во вкочанета слика, каков беше, а и сé уште е животот од месец март па наваму и што точно му се случува на нашиот град, се разбира држава, па и светот воопшто.
-Поставката на фестивалот во кој сите артисти ќе бидат идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) да испратиме гласна порака преку молчаливата уметност каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран. Ова да заврши! Никогаш веќе да не ни се повтори- велат организаторите на овој фестивал.
Уметноста не познава граници. Нејзината основна цел е да поставува прашања и да испраќа пораки, пораки кои имаат за задача да го замислат, односно да го насочат општеството и истовремено да го одржуваат социјалниот живот во постојана кондиција, велат организаторите.
Град Скопје е покровител на овој фестивал и оваа година.
Сите протоколи за заштита од ковид-19 во целост беа запазени според мерките на СЗО и нашето Министерство за здравство!
The post Статуафест со актуелна тема – коронавирусот го парализираше светот (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Статуафест со актуелна тема – коронавирусот го парализираше светот (ФОТО) was first posted on септември 4, 2020 at 8:28 pm.