2.8 C
Скопје
06:38 - 20 ноември, 2024

Стано: Префрлувањето на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим се коси со надворешната политика на ЕУ

Одредбата од вашингтонскиот договор помеѓу Србија и Косово што се однесува на префрлување на амбасадата на Србија на израелско тло (од Тел Авив во Ерусалим) не е во согласност со надворешната политика на Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел.

Во одговор до МИА, портпаролот на ЕУ за надворешни работи, Петер Стано објасни дека политиката на ЕУ кон израелско-палестинското прашање е јасна и во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), поточно резолуцијата 478 која ги повикува сите земји членки на ОН да ги етаблираат своите амбасади во Тел Авив.

Ерусалим е предмет на преговори помеѓу Израел и Палестина, бидејќи двете страни го сметаат за своја престолнина. Отворањето на амбасада во Ерусалим, како дипломатско претставништво во Израел, за ЕУ претставува прејудицирање на конечното решение на израелско-палестинскиот спор и не е прифатливо и го застапува ставот дека Израел и Палестина треба да дојдат до заеднички прифатливо решение за две држави согласно меѓународното право.

Србија и Косово како земји кандидати за членство во ЕУ мораат да ја усогласат својата надворешна политика со таа на Унијата, потсетуваат во Брисел.

– Минатиот месец, Србија потпиша ЕУ декларација која повторува дека ЕУ цврсто се залага за компромисно и одржливо решение за две држави, изјави Стано во однос на израелско-палестинското прашање и додаде дека ставот на ЕУ во однос на отворањето амбасади во Ерусалим останува непроменет и покрај одлуката на американската администрација во 2017 година да ја префрли својата.

Стано, исто така, ги потсетува Белград и Приштина дека ЕУ интеграцијата е нивен деклариран стратешки приоритет и очекува од двете земји да се однесуваат согласно овие заложби.

– Србија веќе преговара членство во ЕУ и се очекува постепено да ги усогласи своите политики кон трети земји со позициите и политиките на ЕУ, нешто што редовно го нагласуваме во нашиот дијалог со Србија. Во овој контекст, секој дипломатски чекор кој може да ја доведе во прашање заедничката позиција на ЕУ за Ерусалим е прашање кое сериозно загрижува и за кое жалиме, изјави Стано за МИА.

Претседателот Александар Вучиќ и премиерот Авудлах Хоти денеска ќе се сретнат повторно, овој пат во Брисел, за нова рунда преговори на највисоко ниво под покровителство на ЕУ во рамките на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

The post Стано: Префрлувањето на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим се коси со надворешната политика на ЕУ appeared first on Слободен печат.


Стано: Префрлувањето на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим се коси со надворешната политика на ЕУ was first posted on септември 7, 2020 at 9:59 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....