Унијата на средношколците попладнево донесе одлука следниот петок тие да излезат на протест во Скопје, во знак на незадоволство од одлуката на Министерството за образование и наука за тоа учебната година да се следи строго онлајн.
Средношколците веруваат дека треба да постои избор и за комбиниран модел, односно да постои опција да се избере и настава со физичко присуство.
Вкупно 51 претставник на средношколците од 17 градови во земјава преку онлајн состанок денеска одлучија како ќе реагираат на одлуката за онлајн-настава.
Барањето на сојузот на средношколците беше учебната година да започне со комбинирана настава, а не само онлајн, како и нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел.
The post СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ПРОТЕСТ: Следниот петок јавно ќе го искажат своето незадоволство appeared first on Слободен печат.
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ПРОТЕСТ: Следниот петок јавно ќе го искажат своето незадоволство was first posted on август 22, 2020 at 4:28 pm.