Кристијано Роналдо е еден од најдоброплатените спортисти на светот кој секоја година заработува околу 100 милиони евра од спонзорски договори и од фудбалските екипи, па не е никакво изненадување дека деновиве стана сопственик на најскапиот стан во Лисабон.
Роналдо за новиот стан во Лисабон плати шест милиони фунти, а новиот дом располага со спа центар, базен, теретана, три спални соби и импресивен поглед на главниот град на Португалија.
Интересно е што фудбалерот до станот дојде преку лицитација, а конкуренти му беа двајца неименувани милионери од Португалија, кои на крајот успеа да ги победи во наддавањето.