Пет лица, меѓу кои четири се деца загинаа во судар на две комбиња на патот кај Липовски Трновец во Словачка, соопшти портпаролот на регионалната полиција Јана Балогова.
Според нејзините зборови, четири лица кои исто така учествувале во сообраќајната несреќа се префрлени во болница и во свесна состојба се, пренесува ТАСС.
До несреќата дошло кога , од засега неутрдени причини, се судриле две комбиња „фолксваген“ на регионалниот пат.
Во комбето со словачки регисерски ознаки биле 9 патнииц, меѓу кои и 5 деца, додека во комбето со германски ознаки имало тројца возрасни.
По сударот, комбето со децата излетало од патот, а пожарникарите кога дошле на местото затекнале стравична глетка.
– Нашите припадници ги презедоа сите мерки за да им помогнат на повредените и да им ја пружат неопходната помош. За жал од комбето извлековме четири деца на кои им немаше спас. Сцентите беа страотни, нашите пожарникари се многу потресени, изјави портпаролката на тамошната противпожарна служба.
Во несреќата животот го загуби и маж (43), додека останатите се здобија со полесни телесни повреди. Тие итно се префрлени во болница, каде ги прегледал и психолог зошто доживеале голема траума.
The post Словачка во црно: Во стравична сообраќајна несреќа загинаа 4 деца, пожарникарите плачеле кога ги извлекувале appeared first on Слободен печат.
Словачка во црно: Во стравична сообраќајна несреќа загинаа 4 деца, пожарникарите плачеле кога ги извлекувале was first posted on август 20, 2020 at 9:28 pm.