3.8 C
Скопје
04:31 - 21 декември, 2024

Славчо Попоски, метео прогнозер: Спремете се за повеќе сонце и температури до 23 степени

Метео прогнозерот Славчо Попоски нѝ носи пријатни вести во поглед на времето. Во разговор со него зборуваме и за последиците од глобалното затоплување, како и на актуелната тема потоплото време во полза на борбата против коронавирусот.

Атонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации и Петери Талас, генералниот секретар на Светската метеоролошка организација изјавија дека климатските промени се повеќе смртоносни од коронавирусот, но сепак, кај нас свесноста дека глобалното затоплување може да ги загрози нашите животи и животите на идните генерации како да не постои. Како овој проблем може да се доближи до граѓаните за да се поттикне свесноста?

– Глобалното затоплување е само еден нормален процес низ кој земјата поминува, тоа повеќе пати сум го изјавил во медиумите. Климатските промени кои не постојат и коронавирусот немаат никаква врска. Затоа граѓаните да бидат спокојни и мирни околу ова прашање кое многумина ги мачи. Исто така, глобалното затоплување, кое е нормално, нема да загрози ниту еден човечки живот кај нас. Временските непогоди, некогаш и поизразени, се нормална појава кај нас.

Коронавирусот на глобално ниво ја засени комуникацијата и медиумската дебата за глобалното затоплување, климатските промени, зелената економија, антропогените закани на екосистемите, пластичните загадувачи на океаните и друго. Од друга страна, податоците ажурирани на 16 јануари 2020 година во опсерваторијата Мауна Лоа на Хаваи бележат ново зголемување на нивото на атмосферското СО2. Какви се прогнозите, што може да очекуваме во блиска или подалечна иднина доколку не се преземат мерки?

 – Според најновите истражувања, озонската дупка е подобрена. Со тоа и глобалното затоплување се намалува, а исто така и неговата опасност кон земјата и човештвото. Иако, глобалното затоплување е еден нормален процес низ кој земјата мора да помине. Во блиска и во подалечна иднина не би требало ништо особено да очекуваме, сите временски непогоди кој се случуваат на земјата се нормални, и отсекогаш сме ги имале и ќе ги имаме.

Во овие краеви сведоци сме на големи штети кои се предизвикани од временските непогоди, на пример, добро ни се познати поплавите и летните пожари. На кој начин раното предупредување може да помогне да се заштитат луѓето и имотот?

– Доколку рано предупредиме на евентуални временски непогоди кај нас, ќе заштитиме голем број од населението. Како, на пример, доколку користиме рано предупредување на временски непогоди ќе заштитеме голем број на граѓани и нивниот имот, со тоа ќе ги заштитеме и земјоделците и нивните земјоделски култури кои тие ги работат, а со тоа и штетите ќе бидат помали.

Со појавата на итни случаи на заболени од коронавирус и со воведување на рестриктивни мерки на Владата, нивото на смог се чини дека се намали. Може ли да се каже дека сега дишеме почист воздух?

– Секако, штом тоа се случи, нормално е да дишеме почист воздух. Иако во последно време и самите знаеме дека воздухот кај нас е почист и тоа поради позитивните мерки кои Владата ги спроведува. Барем такво е моето мислење.

Теориите велат дека коронавирусот не сака три работи – сонце, висока температура и влажност. Какви се метеоролочките прогнози? Во овој поглед, кога би можеле да ја очекуваме помошта од времето?   

– Помошта на времето во поглед на коронавирусот би можеле да ја очекуваме кога би имале релативно потопло време, зошто? Затоа што овој вирус може да изумре на релативно потопло време и тоа на температура од околу 25 степени. Студеното време и зимските температури не може да го убијат вирусот, иако другите вируси изумираат во зимските услови.

Каков април нè очекува?

 – Месецот ќе биде со температури околу нормалата, очекувани температури за овој дел од гината, и со малку повеќе врнежи од вообичаено.

Кога може да го очекуваме потоплото време, односно температурите околу 25. степени?

-За сега, приближно такви температури има можност да имаме кон крајот на оваа и почетокот на следната недела. Според сегашните анализи температурата ќе се искачи до 22. односно до 23. степени.

Какви извори користиш за да ги подготвиш временските прогнози и до кој степен е нивната точност?

– Ги користиме најпрецизните метеоролошки модели во светот, со нивна помош ја правиме и временската прогноза за нашите краишта. Нивната точност е до 80,  90 отсто прецизност што значи дека доста се прецизни метеоролошките модели и точно ја предвидуваат секоја промена на времето.

Кој ти е најголемиот предизвик во работата која ја работиш?

– Најголем предизвик ми е следењето на временската состојба, и секако промените на временските услови кои сум ги предвидел и кои би се случувале.

 

The post Славчо Попоски, метео прогнозер: Спремете се за повеќе сонце и температури до 23 степени appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....