Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“ (АА).
Според одлуките објавени на Службениот весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател.
Сабри Демир e роден во Скопје во 1972 година каде што завршил основно и средно училиште, а студирал во Босна и Херцеговина, но морал да ја напушти поради војната и да ги заврши студиите во Дамаск.
Тој најпрво бил назначен за советник за медиуми и односи со јавноста на премиерот во 2009 година, а потоа за советник на Реџеп Таип Ердоган задолжен за Балканот.
The post Скопјанец ќе го советува турскиот претседател Ердоган appeared first on Слободен печат.
Скопјанец ќе го советува турскиот претседател Ердоган was first posted on август 27, 2020 at 7:45 pm.