Со доаѓањето на постуденото време доаѓа и опасност од втор бран на коронавирусот.
Докторите од Велика Британија советуваат дека губењето на килограмите пред есента и зимата би можело да биде превентива број еден од коронавирусот.
Докторката Џен Харис предупредува дека дебелината докажано го зголемува ризикот од умирање на пациентите зарзаени со ковид-19, па губењето килограми е обврска на сите со вишок килограми, пренесува Дејли мејл.
– Направете сè што можете и продолжите да вежбате“, вели д-р Харис.
– Дебелината е многу проблематична, но всушност и една од работите на кои можеме да влијаеме“, напомена докторката и потсети дека дебелината го зголемува ризикот од смртност за 37%.
Претходни податоци сугерирале дека 75% од хоспитализираните пациенти со ковид-19 имале вишок килограми.
The post Сите зборуваат за вториот бран на коронавирусот: Како да се подготвиме? appeared first on Слободен печат.
Сите зборуваат за вториот бран на коронавирусот: Како да се подготвиме? was first posted on август 8, 2020 at 10:15 am.