6.8 C
Скопје
16:05 - 24 ноември, 2024

Шведскиот водечки епидемиолог на удар поради мејлови за колективниот имунитет: Повеќе починати би било исплатливо?

Шведската стратегија за борбата против коронавирусот наиде на нови критики, откако мејлови покажале дека главниот епидемиолог во оваа земја, Андерс Тегнел, прашал дали поголема смртност помеѓу повозрасните лица би била поприфатлива ако тоа доведува до побрзо стекнување на колективен имунитет.

Претпоставките за ставовите на главните шведските експерти за јавно здравје дополнително се интензивираа откако се покажа дека Тегнел, архитект за стратегија во борбата против Ковид-19 избришал некои од своите мејлови.

Тегнел повеќе пати повтори дека целта на Владата не е развивање на имунитет на населението, туку забавување на ширењето на вирусот за здравствениот систем да може ефикасно да се бори со пандемијата, пишува „Гардијан“.

Меѓутоа, мејловите до кои дојдоа шведски новинари со помош на Законот за право на пристап на информации, покажуваат дека Тегнел за колективен имунитет зборувал уште од март, неколку дена откако СЗО прогласи светска пандемија со коронавирусот.

Во еден разговор Тегнел на својот колега Мики Салминену и директор на Шведската национална здравствена организација (ФХМ), му проследил мејл од пензиониран лекар, кој сугерира дека против пандемијата можете да се изборите така што на здрави луѓе во контролирани услови треба да им се дозволи намерно да се заразат со вирусот.

-Училиштата треба да останат отворени за да се стекне имунитет побргу – коментираше Тегнел.
Салминен одговорил дека Финската агенција за здравство го разгледала предлогот, но дека се откажала од тоа поради страв од ширење на инфекцијата меѓу децата.

Тегнел во повеќе ситуации тврдеше дека децата најчесто имаат поблаги симптоми на вирусот, односно дека не го шират во голема мерка.

Шведска потоа ги затвори училиштата за ученици постари од 16 години, но ги отвори за сите помлади ученици, односно инсистираше на класична настава. Сите семејства кои ги оставија децата дома се пријавени во социјалните служби и изречена им е казна.

Шведска исто така забрани собири на повеќе од 50 лица, но побара од луѓето и дома и на работа да држат дистанца, односно да работат од дома кога тоа е возможно.

Трговските центри, кафулињата, рестораните и тееретаните останаа отворени.

Во мејловите е откриено дека Тенгел замолил еден од своите претходници, Јохан Гиесецко, да изготви модел кој би покажал што би можело да се случи кога вирусот би се пуштил слободно во општеството.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Некои медиуми пишуваат дека Тегнел бришел мејлови од перидот од јануари до април.

Иако шведскиот модел беше критизиран од многу експерти, Тегнел тврди дека овој модел е добра подготовка за другиот бран на епидемијата.

Бројот на заразени во Шведска е во стабилен пад од јуни. Земјата забележа 84.294 случаи на зараза со коронавирусот и 5.783 смртни случаи.

Па иако бројот на починати на милион жители во Шведска е поголем од другите земји, сепак е помал од оние кои воведоа карантини како Шпанија, Италија и Велика Британија.

Властите проценија дека 40 отсто од жителите на Стокхолм до мај се заразиле со Ковид-19, меѓутоа истражувањата покажуваат дека нема ништо од стекнување на имунитет.

The post Шведскиот водечки епидемиолог на удар поради мејлови за колективниот имунитет: Повеќе починати би било исплатливо? appeared first on Слободен печат.


Шведскиот водечки епидемиолог на удар поради мејлови за колективниот имунитет: Повеќе починати би било исплатливо? was first posted on август 18, 2020 at 10:10 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....