3.8 C
Скопје
03:15 - 17 ноември, 2024

Што точно му е понудено на Вучиќ во Белата куќа? Еве што пишува во клучната точка 10. за признавањето на Косово

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот од состанокот во Белата куќа му бил врачен документ во кој се бара Србија да ја признае независноста на Косово, пренесува Блиц.рс.

Во документот, во кој, како што изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали, имало вкупно 16 точки, точката 10. била спорна и во неа експлицитно се бара меѓусебно признание од двете страни.

Точката 10. во оригинал гласи:

„Двете страни се обврзуваат на меѓусебно признание, заштита на етичките малцинства, реституција на сопственоста, решавање на прашањата на апатридите и се согласуваат да отворат канцеларии чии задолженија ќе бидат да ги штитат и редовно, секоја година да известуваат за правата на малцинствата“.

И Американската новинарка со српско потекло Ксенија Мавловиќ Мекатер потврди дека токму горенаведеното стои во спорната точка 10.

 

Дел од српските медиуми претходно известија дека Гренел побарал од Вучиќ веднаш да ја потпише само независноста на Косово, што Гренел набргу го демантираше.

ГРЕНЕЛ ДЕМАНТИРА: Не е вистина дека од Србија е побарано да го признае Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека од Вашингтон добил информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ остро го отфрлил предлогот на САД на средбата во Белата куќа, што вклучува взаемно признавање на Србија и Косово.

-Точно е дека листот со сите предлози што се појавија во медиумите, вклучително и точка 10 (што подразбира взаемно признавање), беше на преговарачката маса во Белата куќа. Добив информација дека Вучиќ бил многу брутален. Тој ја отфрлил точката 10, велејќи дека тоа е неприфатливо за Србија и дека ќе постапува во согласност со Уставот на Србија – рече Дачиќ за телевизијата Пинк, пренесе Бета.

Дачиќ: Вучиќ го одбил предлогот на САД за признавање на Косово

Косовскиот претседател Авдулах Хоти, вечерва по средбата во Белата куќа изјави дека нема да разговараат за други теми освен за признавање, пренесе телевизија „Клан Косова”.

– Нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање – рече Хоти во вклучувањето од Вашингтон.

The post Што точно му е понудено на Вучиќ во Белата куќа? Еве што пишува во клучната точка 10. за признавањето на Косово appeared first on Слободен печат.


Што точно му е понудено на Вучиќ во Белата куќа? Еве што пишува во клучната точка 10. за признавањето на Косово was first posted on септември 3, 2020 at 9:47 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....