21.8 C
Скопје
20:29 - 19 мај, 2024

Слободни места во градинките ќе има, ама каде!

Се повеќе родители се соочуваат со проблемот од недостаток на слободни места во градинките, за упис на деца. Протоколот е јасен, повеќе од 15 деца во една занимална не смее да има, што значи дека во одредени градинки, децата ќе останат незгрижени.

Анита, мајка на двегодишно девојче од Скопје се пожали дека во детската градинка Распеана младост нема место за нејзиното дете.

-Од градинката каде што оди моето 2 годишно дете не известија дека нема да има место за сите деца. Иако и двајцата родители работат и ќе донесат потврда, сепак капацитетот на занималните не дозволува да се сместат повеќе од 8 или 10 деца зависно од групата. Подоцна преку соопштение бевме замолени доброволно да се откажеме од местото со цел да се намали бројот на пријавени деца. Дури ни беа понудени опции од типот – детето да го чуваат баба или дедо, жена која е на трудничко, пријателка без работа или сл. Незнам на кој начин ќе бидат избрани тие 10 деца кога од нашата група од 36 деца се откажа само едно детенце на кое едниот родител не му работи. Револтира и нивното известување дека предност ќе имаат децата што ги имаат уплатено сите уплатници за периодот кога не посетуваа градинка. Исто така голем проблем е тоа што доколку од септември детето не ви појде во градинка, подоцна нема да може да се вклучи се до намалување на пандемијата и промена на мерките бидејки наложениот број според протоколот даден од Министерството ќе биде веќе пополнет, вели Анита.

Ваквото тврдење го демантира директорката на градинката, Лидија Настевска.

-Точно е дека на почетокот се пријавија поголем број на родитли кои сакаа да ги запишат децата во градинка. За 112 слободни места се јавија 157 заинтересирани родители. Но, откако не успеаа да обезбедат потврди од работно место, дека работните задачи не ги извршуваат од дома, бројот се намали, и сега има само едно или две деца повеќе од предвидените според протоколот, но ќе обезбедиме место и за нив, рече Настевска.

Според неа, ротирање на децата во други градинки каде интересот е помал за упис на деца, не е опција, бидејќи како што вели, не е фер да им се комплицира животот на родителите со тоа што децата ќе им бидат запишани во градинка оддалечена 7 километри и повеќе.

Од друга страна, пак, има и такви градинки каде што интересот е многу мал. Стравот од коронавирус си го направи своето, па дел од родителите иако не се ослободени од работни обврски, се снаоѓаат за чување на децата и не се одлучуваат да ги измешаат со поголем број деца.

Таков пример е градинката Кокиче во Кисела Вода, која што според протоколот, има капацитет да згрижи 60 деца, но има пријавено само 16 деца.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска на прес конференција објасни дека 14 555 деца се пријавиле дека на 9 септември ќе тргнат во градинка, а место има за 19.000 деца.

-Доколку во некоја општина се појави проблем со недостиг на кадар, оштините треба да се погрижат за тоа, како и за обезбедување дополнителен простор. Важно е дека во групите за деца до две годишна воздраст, во една занимална не смеат да бидат повеќе од 6 деца, додека во групите од три до дест години, во една занимална можат да бидат најмногу 15 деца, рече Шахпаска.

The post Слободни места во градинките ќе има, ама каде! appeared first on Слободен печат.


Слободни места во градинките ќе има, ама каде! was first posted on септември 3, 2020 at 1:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....