7.8 C
Скопје
02:26 - 20 април, 2024

Летото и РЕК Битола ги испразнија акумулациите: Мавровско и Дебарско Езеро дишат на жабри

Се е под контрола со вештачките езера, внимаваме на биолошкиот минимум, тврдат надлежните откако се почесто вознемирувачки слики на испразнетите и опустени брегови на Мавровското, Дебарското и езерото Козјак се споделуваат на социјалните мрежи. Водостојот во вештачките акумулациони езера од кои се произведува струја во овој момент е исклучително низок и изгледот на голем дел од нив е речиси непрепознатлив.

Некои езера како Мавровското и Дебарското, но и езерото Козјак, кои почесто се користат и за рекреативни цели, годинава, поради состојбата со пандемијата на Ковид 19 беа и почест избор на граѓаните кои бараа освежување, но беа разочарани поради тоа што исушените брегови на езерата не нудеа добри услови за капење и други водени спортови. На местото каде претходните години биле плажи, сега е чакал и трева. Граѓаните во коментари на социјалната мрежа Фејсбук прашуваат, кој е одговорен за оваа катастрофа.

Мавровско Езеро

Според АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), кое стопанисува со најголемиот број на вештачки акумулации во државата, водостојот е на ниво од 53 % од планот за овој период, додека пак планираниот доток од 90% од 15 годишниот просек се оствари со 87 %.

Оттаму информираат, исто така, дека во еден период производството на хидроелектраните било зголемено како последицa на елементарната непогода во Рудниците во РЕК Битола, поради која се намалило производството од термоелектраните, а потпишаните договорни обврски биле надополнети со хидроелектраните и дека и тоа влијаело на поголемата експлоатација на водните акумулации за производство на струја. Меѓутоа, велат од ЕСМ,  и сега, како и во текот на целата година, нивоата на акумулациите биле во рамките на пропишаните дозволени вредности согласно водостопанските дозволи.

„Што се однесува до споделуваните слики од езерата во изминатите денови, сакаме да напоменеме дека овие слики се однесуваат на локации од почетните делови на езерата, односно местата од каде се полнат акумулациите, односно каде реките се влеваат во акумулациите“, стои во дописот од АД ЕСМ, каде се додава и дека сликите  на исушените и опустени езерски брегови се идентични за посочените локации и во минатото за овој период од годината.

Мавровско Езеро

„Иако ова лето навидум имаше повеќе врнежи од претходните, тие не можеа да надоместат за големата суша која веќе подолго време владее во нашата земја и тоа е делумната причина за нискиот водостој на Мавровското, Дебарското и другите акумулациони езера“, вели за Слободен Печат Лидија Зафировска, водостопански инспектор во Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Зафировска вели дека се врши редовна контрола на водостојот за запазување на биолошкиот минимум и дека на терен е видливо засиленото користење на водните резерви за производство на електрична енергија, што беше резултат на хаваријата со ископот на РЕК Битола.

На прашањето, пак, дали поради нискиот водостој страда живиот свет во овие езера, Зафировска вели дека е тоа е точно, но исто така флората и фауната во овие езера континуирано последниве години страда и од дивите и од легалните ископи на песокот од езерските брегови и од притоките на езерата.

 

The post Летото и РЕК Битола ги испразнија акумулациите: Мавровско и Дебарско Езеро дишат на жабри appeared first on Слободен печат.


Летото и РЕК Битола ги испразнија акумулациите: Мавровско и Дебарско Езеро дишат на жабри was first posted on септември 4, 2020 at 7:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....