2.8 C
Скопје
16:58 - 24 декември, 2024

Што се случи со цената на нафтата? Еве одговори на девет прашања

Сопствениците на нафта плаќаат само некој да ја преземе нивната нафта? Повеќето луѓе се прашуваат како е тоа воопшто можно. Застојот на економијата и трговијата во текот на пандемијата доведе во прашање една цела индустриска гранка.

Дојче Вели дава одговори на неколку клучни прашања за нафтената криза.

Што се случи на пазарот на нафтата?

Цената на суровата нафта драстично падна минатата недела како последица на пандемијата и мерките кои против неа се преземаат. Тука треба да се додаде и кавгата меѓу големите извозници на нафта околу количеството на нафта што треба да се произведе.

На почетокот на неделата, според старите договори, продолжено е со испораката на нафта иако складиштата веќе беа полни. Во понедленикот тоа доведе до негативни цени на американската лесна нафта од типот WTI на берзата, а тоа значи, наместо на нафтата да се заработува, продавачот плаќа на некој само да ја однесе и некаде да ја складира.

Како се одредува цената?

Цената на нафтата се одредува пазарно, по принципот на понуда и побарувачка. Застојот на стопанството и трговијата во текот на падемијата жестоко ја намали побараувачката за гориво па цените буквално паднаа во бездна. Фабриките порачуваа помалку нафта, на авиокомпаниите не им треба керозин, граѓаните се повеќе дома и поретко возат автомобили.

Какви договори предизвикаа негативни цени?

Во прашање се таканаречени термински договори за мај кои истекова во вторникот (21 април). Тоа значи – кој во вторникот имал договор во рака, нему му припаѓа одредена испорака на нафта. Нафтата се чува во посебни складишта чии услуги ги плаќаат сопствениците на нафта. Но бидејќи складиштата се речиси полни, цената на нивните преостанати капацитети жестоко скокаат – а допрва доаѓа мајската испорака на нафта.

Затоа вложувачите во понеделникот бегаа од тие договори како без глава, значи плаќаа некој го го преземе енергенсот. Во споротивно би се изложувале на ризикот да имаат премногу нафта која нема кому да му ја продадат додека истовремено, солено плаќаат складирање.

Дали шпекулантите го одработија своето?

Како ќе се земе. Терминските договори се секогаш привлечни за шпекулантите – тие се, едноставно залог на движењето на цените во иднина. Шпекулантите кои претходно купуваа нафта овој пат жестоко се измамија.

Но и многу фирми на берза купуваат стока чија цена главно е стабилна: нафта, кафе,жито. Но сега проблемот е што никој не сака физички да ја преземе нафтата и да го праќа нејзиното складирање – со ваков пад на побарувачката пред неколку недели или месеци никој не сметаше.

Зошто падна само цената на американската лесна (WTI) нафта?

Нафтата од типот WTI (West Texas Intermediate) има голема маана – од местата каде се црпи до можните складишта ја води само еден пат: со нафтовод до местото Кушинг во Оклахома, каде се наоѓа најголемото светско складиште на нафта. Бидејќи складиштата се речиси полни, а за оваа нафта нема друг пат, цената на останатите капацитети за складирање скокнаа на десет долари за барел, што на трговците тешко ќе им се исплати.

Северноевропската нафта Брент подобро поминува зошто има поразгранета мрежа на нафтоводи и овозможува нејзина испорака во различни правци.

Зошто едноставно не го намалија производството?

Освен кавгите меѓу произведвуачите на нафта, производството не е лесно да се запре. Изворите на нафта работата под голем притисок, или поедноставно кажано, кога еднаш нафтата ќе тргне, само тече. Тоа посебно важи за бавниот метод на фракинг со кој во САД енергенсите се вадат од шкрилци. Затоа овие денови и океанските танери служат како пловечки складишта.

Какви се последиците по браншата?

Нафтените гиганти, ако не се случи чудесно опоравување на економијата и цената на нафтата, набрзо ќе се соочат со потешкотии. Можат да доцнат со отплата на кредити или да отпуштаат работници. Тоа посебно ќе ги погоди фирмите во САД зошто тамошниот начин на вадење на нафтата е скап – експертите сметаат дека им треба цена од 50 долари за барел сурова нафта за да биде работата исплатлива.

Другите земји пак вкупно уште повеќе зависат од извозот на енергенси, пред се Саудиска Арабија и Русија. Овие земји учествуваа во договорот производството на нафта да се намали барем на 10 милиони барели дневно, но експертите мислат дека тоа е недоволно и дека нафтата и натаму непотребно ќе се натрупува.

Зошто Трамп купува нафта?

Американскиот преседател најави дека државата ќе купи 75 милиони барели за да се стабилизира цената и за да ги пополни сопствените резерви. Но тоа количество нафта, во нормални услови, одговара на светската побарувачка во само еден ден. Значи потегот на Трамп речиси е безнадежен.

Што тоа значи за цената на безнинот и нафтата за домаќинство?

Не премногу. Зошто најголем дел од цената на бензините кои ги точиме на бензинските пумпи одат на даноци и давачки кои ги одредува секоја држава. Но, како и да е, и европската нафта Брент на почетокот на неделата падна ан 21 долар за барел, и треба да очекуваме, со задоцнување, дополнително да паднат и цените на горивата на бензинските станици.

 

The post Што се случи со цената на нафтата? Еве одговори на девет прашања appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....