10.8 C
Скопје
13:32 - 29 декември, 2024

Што носи во куферот еврокомесарот за проширување Вархељ?

Во пресрет на Самитот во Загреб на кој Македонија очекува добивање на датум за почеток на преговорите, се засулуваат активностите на европските дипломати.

Денеска високиот гостин, еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархељ, на средби  со македонскиот политички врв, претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Оливер Спасовски и спикерот Талат Џафери.

Каква порака носи еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархељ, со денешната посета на Македонија, на само неколку месеци до самитот во Загреб. Нашиот соговорник поранешниот дипломат Виктор Габер вели дека тоа е уште еден сигнал дека се засилува интересот за завршување на процесот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, од економски, културолошки и социјален аспект.

-Интерес на Европа е овој регион да биде стабилен. Верувам во потребата за завршување на процесот, односно започнување на процес , овие земји да се развиваат и како такви,  да и се приклучат на ЕУ, вели Габер.

Во изминатиот период со францускиот претседател Емануел Макрон се сретнаа високи европски претставнции и лидери на држави членки на Унијата. Дали ова значи дека Европската Унија на некој начин создава  клима за предлогот на Европската комисијата кој не помина минатата година во октомври во Брисел, сега во Загреб да добие зелено светло.  Се очекува формата за добивање на датум за преговори, Македонија да ја слушне пред самитот во Хрватска. Дали тоа ќе биде некаква формулација поврзана со реформте останува да видиме.

Еврокомесарот за проширување  Вархељ неодамна порача одлука за преговори со Македонија да се донесе во март

-Нашата заложба за европската перспектива на земјите од Западен Балкан е непроменета, а тоа е отворање на преговорите за членство за Северна Македонија и за Албанија пред самитот во Загреб, порача неодамна новиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељ.

The post Што носи во куферот еврокомесарот за проширување Вархељ? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....