6.8 C
Скопје
21:32 - 19 ноември, 2024

Шилегов демантира: Мевљудин Алити нема платено легализација (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје денеска ги отфрли тврдењата на инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка, Мевљудин Алити, дека се платени комуналии и дека објектот е легален.

Сопственикот на дивоградбата пред ТЦ Мавровка: Објектот е легален, ќе одам во Стразбур ако треба (ФОТО/ВИДЕО)

– Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт. Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка на легалните инвеститори, кои плаќаат данок кон државата, рече денеска Шилегов.

На новинарско прашање зошто државата, а не Градот, го руши објектот, тој рече дека Градот нема ингеренции.

-Град Скопје нема ингеренции да го изврши рушењето на објектот кај Мавровка, затоа денеска Владата го врши рушењето, може би било добро во иднина овие ингеренции да се префрлат на Град Скопје, рече Шилегов.

Тој потсети дека претходно со 5.000 евра бил казнет инвеститорот на објектот.

The post Шилегов демантира: Мевљудин Алити нема платено легализација (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Шилегов демантира: Мевљудин Алити нема платено легализација (ВИДЕО) was first posted on септември 2, 2020 at 1:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....