4.8 C
Скопје
02:51 - 15 ноември, 2024

Шест улици во Скопје се обновуваат, Шилегов бара трпение од граѓаните

Во изминативе десетина дена Град Скопје започна реконструкции на шест сообраќајници, што разбирливо предизвикува нервоза кај граѓаните поради отежнатото одвивање на сообраќајот. Во моментов се работи втората фаза од обновата на улицата „Лазар Личеноски“ на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“. Започна и реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до улицата „Февруарски поход“. На улицата „Благоја Стефковски“ во Општина Гази Баба се изведуваат градежни работи за обнова на коловозот на потегот од свртувањето кон улицата „Перо Наков’ до кино „Маџари“ во должина од околу 850 метри.

Град Скопје ја започна и реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“ во Општина Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“, а се обновува и коловозот на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир на потегот од булевар „Македонско –косовска бригада“ до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.

Сепак најголем метеж ќе предизвика реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски” во Општина Гази Баба, односно источниот влез во градот. Од Град Скопје ги замолија граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот.

-Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош” кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров- објаснуваат од Градот.

Реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски” е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.

-Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов- велат градските власти.

Град Скопје апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно.

– Ги замолувам граѓаните да имаат трпение, ќе работиме деноноќно со цел источниот влез да го оспособиме што е можно побрзо и да се префрлиме на излезот од Скопје, од другата страна, за да се избегнат гужвите. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и конечно ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години, во добар дел од булеварот е во очајна состојба – изјави градоначалникот Петре Шилегов на почетокот на реконструкцијата.

Освен овие шест улици во наредниов период се очекува да започнат и реконструкции на други, затоа што Шилегов најави дека ќе се работи на 23, за, како што рече, зимата да ја пречекаме со обновена инфраструктура. Тој вети дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови.

The post Шест улици во Скопје се обновуваат, Шилегов бара трпение од граѓаните appeared first on Слободен печат.


Шест улици во Скопје се обновуваат, Шилегов бара трпение од граѓаните was first posted on септември 6, 2020 at 3:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....