8.8 C
Скопје
22:42 - 28 март, 2024

Принцезата Маргарет, бунтовната сестра на кралицата Елизабета, морала да се откаже од вистинската љубов!

Било малку веројатно дека ќе го наследи престолот зашто била помлада ќерка на кралицата Мајка и кралот Џорџ VI. Нејзиниот татко не требал да биде крал, но неговиот постар брат, принцот од Велс кој требал да ја добие круната како Едвард VIII, не сакал да се одрекне од љубовта за жената која имала два разводи зад себе, Валис Симпсон.

И додека Елизабета секогаш била одговорна и сериозна, Маргарет била миленица на тато. Ја размазил зашто наводно не сакал да ја третира полошо само затоа што е помлада – онака како што него го третирале во семејството. Маргарет секогаш била заиграна и бунтовна, ја сакала уменоста и била одлична пијанистка.

Кога наполнила 18 години почнала да ги извршува кралските должности. Но нејзината заиграност уште тогаш ги заинтригирала британските медиуми.

Била, всушност, Дајана на своето време – новинарите насекаде ја следеле и известувале за нејзините раскошни фустани од Диор, бесните забави и честите ноќни излегувања.

профимедиа

Но, се престанало во 1952 година кога починал нејзиниот татко, а Елизабета станала кралица. Маргарет имала 22 години и во тоа време се зближила со асистентот на татко ѝ, Питер Тоунсенд.

Една година подоцна ја замолиле Елизабета Втора да им дозволи брак, но проблемот бил што Тоунсенд бил разведен. Кралицата ги замолила да се стрпат уште една година.

Нивната врска откриена е истата година. Се што било потребно е на една забава, кога покрај Тоунсенд ја чекала кочијата, од неговата униформа да му отстрани конче. Медиумите сфатиле што се случува и ја објавиле приказната.

профимедиа

Проблемот за нивниот брак бил што, според правилата на црквата, разведените смееле да се венчаат само со дозвола на кралицата и Парламентот. Парламентот веднаш одбил зашто не сакале да направат иста грешка како со кралот Едвард и Волис Симпсон.

Единствена опција која ја имала била да се откаже од својата титула како и од титулата на своите деца и од нивното право на наследство на британскиот трон. Не смеела повеќе да има никави врски со кралското семејство.

Во рок од седум дена откако била објавена веста за нивната врска, Тоунсенд добил наредба дека мора да се пресели во Брисел, каде што добил место во Британската амбасада.

Се сретнале повторно дури по три години во Англија, кога премиерот повторил дека нема да даде дозвола за нивниот брак. Принцезата сега морала да одлучи дали сака да стане обична граѓанка или ќе го заборави Тоунсенд.

Јавноста навивала за брак. Дури 95 отсто од читателите на еден од најпопуларните британски весници, Дејли Мејл, изразиле поддршка за Маргарет и Тоунсенд.

– Марг, прави што сакаш!, ѝ велеле на принцезата жени на јавните настани. Кралицата Елизабета Втора не се изјаснувала, а Маргарет на 31 октомври, 1955, ја објавила својата изјава.

профимедиа

– Сакам да објавам дека одлучив да не се омажам за капетанот Питер Тоунсенд. Свесна сум дека, ако го отфрлам правото на наследство на тронот, можам да влезам во граѓански брак. Но водејќи се според црквеното учење дека христијанскиот брак е нераскинлив и имајќи ги предвид моите обрски кон Комонвелтот, одлучив кои се моите приоритети. Одлуката ја донесов сама, а зацврстена е со поддршка на капетанот Тоунсенд. Длабоко сум благодарна за грижата на сите кои ја изразивте и кои се молеа за мојата среќа, пишувало во изјавата која била потпишана само со „Маргарет“.

Пет години подоцна се омажила за фотографот Ентони Армстронг – Џоунс, со кого имала две деца, Дејвид и Сара.

На свадбата, инаку прва која е снимана за телевизија, од странските кралски семејства се појавила само данската кралица Ингрид. Другите сметале дека е непримерно кралската ќерка да се мажи за фотограф.

профимедиа

Маргарет и Ентони добиле титули на гроф и грофица од Сноудон, а сестрата Елизабета Втора ѝ подарила дел од земјата на островот Мустик, во состав на Свети Винсент и Гренадини. Тука поминувала најголем дел од времето.

Бракот со Ентони не бил среќен. Се изневерувале и најпосле се развеле во 1978 година. Тој набргу пак се венчал, додека Маргарет веќе никогаш не се мажела.

Во Велика Британија е објавена голема биографија за бунтовната принцеза, а дел од нејзините навики одекнаа во јавноста.

„Се будела во околу 9 часот наутро и појадувала во кревет. Потоа два часа слушала радио во кревет, читала весници кои потоа ќе ги расфрлела на подот, и пушела. Во 11 часот било време за едночасновна купка, а потоа шминкање и облекување. Точно во 12.30 се појавувала во дневната соба за да испие чаша вотка, а во 13 часот ручала со кралицата Мајка. Секоја би испила по пола шише вино, а за десерт се послужувало овошје и различни видови сирења“.

профимедиа

Хедонистката Маргарет била страсен пушач, баш како и нејзиниот татко, а престанала да пуши дури во 1991 година кога левото белодробно крило ѝ било отстрането.

Маргарет починала во 2001 година после неколку мозочни удари, а погребана е на приватни гробишта.

The post Принцезата Маргарет, бунтовната сестра на кралицата Елизабета, морала да се откаже од вистинската љубов! appeared first on Слободен печат.


Принцезата Маргарет, бунтовната сестра на кралицата Елизабета, морала да се откаже од вистинската љубов! was first posted on септември 6, 2020 at 6:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....