3.8 C
Скопје
03:10 - 17 ноември, 2024

Шест месеци подоцна: Што знае светот за ковид-19?

Ковид-19 стана дел од човековото секојдневие по шест месеци од прогласената пандемијата на Светската здравствена организација (СЗО). За невидливиот непријател се слушнаа и прочитаа многу работи, но никој, се чини, нема одговор што нè чека оваа есен и зима.

Во анализа на агенцијата АФП се наведени клучни неодговорени прашања во врска со коронавирусот кој досега зарази над 28 милиони лица на планетата и одзеде над 900.000 човечки животи додека светската економија ја фрли на колена.

Што сè уште не знаеме? – Дали епидемијата ќе земе нов замав?

Бројот на заболени лица во Европа е во пораст од две причини – поради укинувањето на пролетните рестриктивни мерки, проследени со полициски час и карантин, но и поради мешањето на голем број на луѓе во летниот период. Тоа е случај во Шпанија, во Франција, во Велика Британија и во други земји, иако нивото не се исти како што беа во пикот на епидемијата во март и во април.

– Илдада новозаразени на ден. Па, тоа е многу, тоа е загрижувачки“, оцени францускиот министер за здравство, Оливие Веран.

Ако ваквиот тренд потрае, Обединетото Кралство ќе доживее турбулентен период во месеците што надоаѓаат, изјави Џонатан Ван-Там, еден од претставниците на британското здравство, за „Би-Би-Си“.

Зголемувањето на бројот на заразени лица, автоматски ќе доведе и до зголемен број на тешки случаи за неколку недели, но дилемата е во кои размери, предупредува Веран.

„Горејќи“ се при првиот бран, гoлем бврој на доктори стравуваат дека капацитетите на болниците и на одделенијата за интензивна нега оваа есен повторно ќе бидат оптоварени како во март и април. Вирусот во овој период најмногу циркулира меѓу младите, категории на луѓе кои не претставуваат и возрасно не спаѓаат во ризични групи. Но, властите во многу земји, па и СЗО предупредуваат дека повозрасните и оние со нарушено здравје повторно ќе бидат на удар.

Други, пак, помалку песимистични сметаат дека ризикот од оптоварување на болниците сега е помал во споредба со почетокот на пандемијата, бидејќи луѓето кои спаѓаат во ризични категории ги почитуваат епидемиолошките мерки и препораки.

Најоптимистичните се надеваат на стекнат имунитет од првиот бран, со надеж дека тоа ќе спречи втор бран и ќе оневозможи повторување на ссценаријата и сликите од пролетва. Но, сето ова е се само претпоставки. Она што, сепак, е заедничко за сите се апелите за почитување на епидемиолошките мерки како носење на заштитна маска, одржување на социјална дистанца и хигиена.

Реинфекции и имунитет

Последните недели во светот се забележани случаи на луѓе кои оздравеле од Ковид-19, но потоа повторно се заболеле што по дифолт го наметнува прашањето за трајност на имунитетот. прв таков случај беше 30 годишно момче од Хонг Конг кој имаше потешки здравствена слика првиот пат одошто беше случај по враќање на вирусот во неговиот организам.

Стручњаците во тоа гледаат зрак на надеж и го читаат како знак дека неговиот имунолошки систем се научил да се брани по првата инфекција. Меѓутоа, истовремено, укажуваат дека не може да се влече генерален заклучок врз основа на индивидуални примери, како и дека вистинското прашање не е дали човек може да заболи по втор пат, туку колку човекот е заразен вториот пат.

Имунитетот на ковид-19, воопшто, сè уште слабо се разбира. Фокусот на научниците е на антитела, но негуваат надеж и на друг тип на имунолошки одговор што се темели на т.н. Т-лимфоцити кои би можеле да ја запрат епидемијата. Но, тоа е само теорија.

Што не е сигурно? – Каква е улогата на децата и колку тие се трансмитери на ковид-19?

Учебната година започна во голем број на земји, но она што претставува енигма е улогата на децата во ширење на болеста. Едно е сигурно – дека ретко заболуваат од Ковид-19 додека најголем дел развиваат благи симптоми на вирусот или се заведени како асимптоматски случаи. Нејасно е, сепак, дали се подеднакво заразни како и возрасните.

Фото: EPA-EFE/Carlos Barba

– Кога ќе се појават симптоми, децата излачуваат подеднаква количина на вирусот како и возрасните и подеднакви се заразни. Не се знае во колкава мера асимптоматските деца може да заразат други“, велат од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).

Неколку истражувања покажаа дека децата ретко се трансмитери на ковид-19, можеби затоа што имаат и помалку симптоми со оглед дека ризикот од пренесување на болеста е поголем со кашлање или кивање. Многу стручњаци, сепак, велат дека треба да се прави разлика меѓу деца и адолесценти кои по заразноста се слични со возрасните.

Дали е можна брза и ефикасна вакцина?

Пронаоѓање на ефикасна и сигурна вакцина се смета за најдобар начин за запирање ан пандемијата. Но, никој со сигурност не може да каже кога ќе се случи тоа и покрај многубројните најави за скоро време во глобалната трка на големите фармацевтски компании со голем финансиски влог.

Во последниот извештај на СЗО се наведуваат 35 потенцијални вакцини што се наоѓаат во фаза на клинички тестирања на луѓе ширум светот. Девет од нив се влезени во последна фаза што значи проверка на ефикасноста на вакцина на илјадници доброволци.

Русија, САД и Кина водат битка на дистанца и ги забрзуваат процедурите со надеж дека први ќе развијат вакцина до крајот на 2020 година. Но, стручната фела предупредува да не се меша брзина и брзоплетост, бидејќи евентуално прескокнување на фази би можело да доведе до проблеми со сигурноста на вакцината.

Фото: EPA-EFE/DAVID MARIUZ AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Колку се почитуваат процедурите, покажува примерот со заедничкиот проект на Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ кој стигна најдалеку, но беше привремено запрен во вторникот. Како причина е наведена појава на „потенцијално необјаснива болест“, можеби и сериозна нуспојава на вакцината кај еден од волонтерите.

Европската агенција за лекови (ЕМА) смета дека развојот на ваквина би можел да потрае до почетокот на 2021 година за некоја од нив да биде подготвена за одобрување и да биде раслоложлива во доволни количини за користење во светот. Според најлошото сценарио, вакцина можеби никогаш да не биде пронајдена.

Што знаеме? – Маски и аеросоли

Пресвртот е спектакуларен. Маските во март ги сметаа за бескорисни, а денеска се препорачани од најголеми дел на здравствена тела на планетата, меѓу кои и СЗО.

Во меѓувреме беше откриено дека ковид-19 го пренесуваат и ситните честички (аеросоли) во воздухот што ги издишуваат заболените, а не само преку поголемите капки што се излачуваат при кивање, кашлање и зборување од близина и преку валкани раце.

Сè уште точно не се знае колкав удел има начинот на пренесување на болеста на динамиката на епидемијата, меѓутоа многу истражувања велат дека е значителен. Во тој слулчај, физичката дистанца е недоволна, па маската станува неопходна, дотолку повеќе ако се наоѓаме во затворени простории со многу луѓе и слаба вентилација. Таквите места се сметаат за најризични додека некои земји воведоа задолжително носење на маска и на улица.

Лекови

Благодарение на клиничките испитувања, за лековите во денешнот време се знае многу. Само еден вид на лекови покажа дека ја намалува смртноста, а тоа се кортикостероидите кои сузбиваат воспалителен процес. Тие, сепак, се индицирани за само за „тешки и критични облици“ на болеста, нагласуваат од СЗО.

Антивирусниот лек Ремдесивир го намалува траењрто на болничкото лекување, но неговата корист е релативно скромна. Од друга страна, пак, хидроксихлорокин, што го препорачуваше американскиот претседател Доналд Трамп и професорот Дидие Рае во Франција, не се покажа ефикасен во борбата со коронавирусот.

The post Шест месеци подоцна: Што знае светот за ковид-19? appeared first on Слободен печат.


Шест месеци подоцна: Што знае светот за ковид-19? was first posted on септември 11, 2020 at 10:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....