25.8 C
Скопје
19:20 - 18 мај, 2024

„Шеќерни луѓе“ го освојува светот со оргинална музика, најдобра актерка и постер

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ во ноември ќе биде прикажан на 40-то издание на Festival Tous Courts of Aix-en-Provence и 15-то издание на Amarcort Film Festival во Римини, а во февруари 2023 година, и на Cambria Film Festival во Калифорнија, САД.

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски.

Филмот кој премиерно беше прикажан на 22. филмски фестивал во Беверли Хилс, САД, во јуни, годинава, освои четири награди во изминатите три месеци на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови.

Наградата за најдобра оригинална музика чиј автор е Дуке Бојаџиев ја понесе на CineParis Film Festival, за најдобар постер дизајниран од Коста Лазаревски, беше награден на Toronto Women Film Festival, а Сара Климоска која ја толкува една од главните улоги, за најдобра актерка е прогласена на Kiez Berlin Film Festival и на Reale Film Festival.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега е селектиран во официјална селекција на 12 интернационални фестивали за краткометражни филмови во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија и Парагвај, а ја имаше својата интернационалната премиера на 22-то издание на филмскиот фестивал во Беверли Хилс во САД на 4 јуни 2022.

Пред премиерата, филмот беше селектиран и беше дел од каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови со одржана проекција во рамките на филмскиот маркет на 26 мај годинава, како единствениот македонски краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.

„Шеќерни луѓе” исто така беше прикажан и на: Cine Paris Film Festival, Tirana International Film Festival, Ciudad del Este Independent Film Festival, Flickers’ Rhode Island International Film Festival, Festival International Signes de Nuit – Paris, Toronto Women Film Festival, Reale Film Festival и Kiez Berlin Film Festival.

Дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и автор на музиката компонирана за филмот е Дуке Бојаџиев.

Слични објави

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

еспресо

(Фото) Пристигна бебето! Поранешниот на Емина Јаховиќ објави преслатка фотографија од приновата во семејството

Еспресо

Ќе ги покрие љубовен бран: Три хороскопските знаци со најголема среќа во љубовта ова лето

еспресо

(Фото) Тони Бијелиќ во ситните часови ја покажа неговата единствена девојка: Драгана Мирковиќ сепак не е минато!

еспресо

(Фото) „Овде имало многу пукање“: Никола Роквиќ објави шокантна глетка по патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно во јавност по гласините за развод: Тој со цвеќе во рака, таа насмеана

еспресо
Се вчитува....