1.8 C
Скопје
08:20 - 19 ноември, 2024

Шансите за влада на ВМРО-ДПМНЕ мртви, надежта на умирање

И ВМРО-ДПМНЕ како второпласирана партија со освоени 44 пратеника на изборите на 15 јули се трка за составување влада, но деновиве оттаму не откриваат никакви детаљи со кого се преговараат за парламентарното мнозинство. Последната информација е од претседателот Христијан Мицкоски кој вчера на германската амсадорка Енке Холштајн и најавил дека коалицијата „Обнова на Македонија“ врз основа на добиената доверба прави напори за формирање парламентарно мнозинство, „што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата“.

Слично соопштение стаса и по завчерашната средба на потпретседателот Александар Николовски со евроамбасадорот Семуел Жбогар дека процесот на преговарање за влада се базира на принципиелна основа и програмската на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека е „важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во ЕУ и  која ќе ги почитува законите и владеењето на правото“.

Ако не е широка, нема да е стабилна

На коалицијата „Обнова“ и недостигаат 17 пратеници за да стигне до мнозинството од 61 пратеник. ВМРО-ДПМНЕ е во полоша позиција да состави влада од победничката коалиција „Можеме“ на СДСМ која има 46 пратеника поради помалиот коалициски капацитет, особено затоа што ДУИ (15 пратеници) отворено преку Теута Арифи најави дека не гледаат партнер во „белата палата“. ВМРО-ДПМНЕ може да смета на поддршката од двајцата пратеници на Левица и да преговара со коалицијата „Сега е време“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива (12 пратеници), од каде на завчерашниот протест побараа ЕУ да не ги признаат легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците, но тие пак не сакаат ниту соработка со Левица. Второпласираната партија може да се обиде да се договори и со ДПА (1 пратеник), но ниту тоа нема да и биде доволно ако не ги придобие евентуално и четирите пратеници на Беса кои се дел од „Можеме“ или да се надева дека дел од пратениците на ДУИ ќе преминат кај Алијанса и Алтернатива.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со двајцата пратеници на Левица имаат еднакви шанси за составување влада како СДСМ, но од двете партии која и да состави влада ќе трпи политичка штета, а владеењето нема да биде стабилно.

– Истите почетни позиции и комбинации како СДСМ ги има и ВМРО-ДПМНЕ ако Левица и даде поддршка. Едната комбинација е во коалиција со ДУИ, а втората е со Алијанса и Алтернатива и плус со пратениците на Беса. Распоредот на силите во парламентот наговестува дека ќе се формира широка влада во која би влегле сите големи партии, која е потребна со оглед на предизвиците што претстојат. Ако не е широка владата, чија и да е, таа нема да биде стабилна, затоа што ако еден-двајца пратеници ја откажат поддршката при тесно мнозинство ќе падне владата. Потребен е период на стабилност затоа што Македонија треба да се избори со пандемијата и со големата светска економска криза што доаѓа. На владата и треба комодитет да одлучува без да мора на три минути да се врти и да си го чува грбот – вели Божиновски и додава дека широката влада може да биде со ограничен рок, по кој на нови избори сите партии ќе се натпреваруваат порелаксирано и во фер услови.

– Широката коалиција освен за овие кризи е поволна и за преговорите за членство во ЕУ што ни следуваат, а секоја поинаква варијанта ќе ни донесе нестабилна влада. Излегуваат и шпекулации  дека има поткуп на пратеници, кои најверојатно се лажни. Но, ако во овој период додека не е формирано мнозинството навистина има поткуп на пратеници тоа е поништување на демократијата и нам веќе не ни се потреби избори – вели Божиновски за „Слободен печат“.

 

Ем искрадени ем се тркаат

Од ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што се тркаат за мнозинство не пропуштаат да кажат дека изборите биле нелегитимни. Мицкоски на германската амсадорка Холштајн и посочил дека изборите не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето, а државата добила сериозни забелешки од мисијата на ОБСЕ.

„Претседателот Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон ЕУ. Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“, соопшто ВМРО-ДПМНЕ.

И на средбата со Жбогар потпретседателот Николовски потенцирал дека изборите поминале во недемократска атмосфера со сериозни прекршувања на иазборните прсавила и  организиран поткуп.

„Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции. Македонија мора да напредува на патот кон ЕУ, а за да се постигне тоа потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните со агенда за суштински реформи кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Периодот на затвореност и на шпекулации кој ќе ја состави новата влада наскоро ќе заврши, а преговорите ќе станат јавни после Илинден. На почетокот на август се очекува да се одржи конститутивната седница на новото Собрание на која новото парламентарно мнозинство треба да го избере идниот спикер, па ќе стане јасно и кој точно ќе го добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски да ја состави идната влада.

The post Шансите за влада на ВМРО-ДПМНЕ мртви, надежта на умирање appeared first on Слободен печат.


Шансите за влада на ВМРО-ДПМНЕ мртви, надежта на умирање was first posted on јули 29, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....