1.8 C
Скопје
16:46 - 23 декември, 2024

Седум држави кои најдобро се борат против коронавирусот: Една работа им е заедничка – ги водат жени (ФОТО)

Борбата против коронавирусот ги изнесе пред јавноста бројните проблеми на поединечни држави, од слабо водство, затегнување на демократијата до колапс на целосни системи. Меѓутоа, постојат исклучоци и тие се гледаат кај најмалку седум земји. Германија, Финска, Исланд, Норвешка, Данска, Тајван и Нов Зеланд се сметаат денеска за држави кои полека ја победуваат опасната епидемија.

Покрај тоа, овие земји имаат уште една заедничка работа – ги водат жени.

Германија

Иако е силно погодена од коронавирусот, во Германија стапката на смртност е околу 1,6 отсто (многу помала од Италија каде таа изнесува 12 отсто, Шпанија, Франција и Велика Британија се на околу 10%, Кина 4%, САД 3%).

Во Германија заразени се пркеу 125.000 луѓе, а починале повеќе од 3.100. Излечени се преку 68.000. На целата „охрабрувачка“ ситуација допринеле неколку фактори: рано и масовно тестирање, но и голем број на кревети во одделениата за интензивна нега.

Сепак, значајна улога одиграла и канцеларката Ангела Меркел. Уште на самиот почеток, Меркел предупреди дека со коронавирусот би можеле да бидат заразени 60 до 70 отсто од популацијата.

Таа инаку има завршено квантна хемија, па тоа послужи и како шега на социјалните мрежи.

– Ако се прашувате зошто стапката на смртност е толку ниска во Германија, а висока во Америка, тоа е бидејќи нивниот претседател бил квантен хемичар, а вашиот водител на реалити шоу, гласи еден коментар.

Данска

Оваа земја ја води премиерката Мете Фредериксен и ова е првата држава во Европа која најави дека од 15 април ќе ги „олабави“ одредените мерки за рестрикција.

Така во Данска веќе за неколку дена, и покрај предупредувањата на СЗО, ќе можеме да очекуваме делумно отворање на градинките и училиштата.

Во Данска се заразени преку 6.000 луѓе и починаа 285 лица, но ситуацијата, како што изгледа, е под контрола, бидејќи бројот на нови случаи не скокна драстично. Од оваа бројка веќе се излечени преку 2.200 лица.

Финска

Младата премиерка на Финска Сана Марин денеска веројатно се смета за една од најдобрите лидерки во Европа, а својата способност ја покажа на оваа тешка задача.

Сана Марин стана најмладата лидерка во светот кога во декември минатата година стана премиерка, а ги искористи младите „лидери“ милениумци и социјалните мрежи како клучни во борбата против коронавирусот и тоа бидејќи беше свесна дека не ги следат сите медиуми, па побара од популарните инфлуенсери да шират глас.

Фото: Профимедиа

Марин инаку е шефица на коалиција на четири партии на чие чело се наоѓаат жени. Во Финска се заразени повеќе од 3.000 луѓе, а починати се 59. Излечени се 300.

Норвешка

Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг имала иновативна идеја преку телевизија да се обрати на најмладата популација. Она на конференција одговарала прашања на деца пристигнати од целата земја, објаснувајќи и зошто е во ред во овие ситуации да бидат исплашени.

Фото: EPA-EFE/Hakon Mosvold Larsen

Норвешка по пример на Данска исто така најави делумно повлекување на поединечни мерки.

Во оваа земја се заразени повеќе од 6.600 луѓе, а починаа 134 лица. Излечени се 32.

Исланд

Една од првите земји кои предупредуваше за порастот на бројот на заболени од коронавирусот беше Исланд, а малата островска држава со премиерката Катрин Јакобсдотир на чело почна со масовно тестирање на сите нејзини жители.

Фото: EPA-EFE/Ole Berg-Rusten

Ова е инаку една од клучните работи за истражување на коронавирусот, со обзир на тоа дека според некои наводи половина од позитивните случаи во Исланд немале симптоми.

На Исланд заболени се околу 1.700 лица, а починале 8. За тоа време, веќе се излечени повеќе од 900.

Тајван

Тсаи Инг-вен, инаку професорка по право, стана првата претседателка на Тајван во 2016 година и се покажа како силна лидерка во борбата против коронавирусот. И покрај близината со Кина, каде епидемијата изби, Тајван успеа да го совлада коронавирусот.

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Со помалку од 400 случаи, Тајван исто така има едноцифрен број на починати, односно шест, додека излечени се 124 лица.

Нов Зеланд

Земјата за која можеби најмногу се пишуваше минатата недела е веројатно Нов Зеланд со премиерката Џасинда Ардерн на чело.

Фото: EPA-EFE/DANIEL HICKS

Таа ја стави земјата во рана блокада, нареди самоизолација на сите кои доаѓаат на островот и тоа уште кога имаше неколку случаи во државата, а на странците им забрани влез.

На Нов Зеланд се забележани околу 1.300 случаи, а починати се девет луѓе. Оздравени се веќе преку 600 лица.

The post Седум држави кои најдобро се борат против коронавирусот: Една работа им е заедничка – ги водат жени (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....