7.8 C
Скопје
16:45 - 18 декември, 2024

Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?!

Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, град во Финска каде изминатите денови од вкупно три авионски лета над 40 патници добиле позитивен тест на Ковид 19. Како што известуваат финските медиуми, министерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог сите летови од Скопје да се суспендираат.

Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје. Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома, изјавил Карака за хелсиншки ,,Саномат”.

Градоначалникот на Турку, Мина Арве, во понеделникот откри дека почнала преговори за да се подобри сигурноста на летовите од Скопје до Турку со нискобуџетниот авиопревозник Визер со седиште во Унгарија.

Десетици патници на летови на Визер кои доаѓаат во Турку се позитивни на коронавирусот откако ќе им се направи тест на аеродромот во финскиот град загрижувајќи ги и градските власти и финската влада.

Денеска почнавме разговори со Град Турку, Финавиа и Визер како да обезбедиме дека на авионите за Турку нема да доаѓаат и нема да се качуваат патници инфицирани со коронавирус. За ова сите сме загрижени. Авиокомпаниите не смеат да се остават сами на себе, самите да се справуваат со овој проблем, вели Арве.

Таа додала дека задачата за тестирање и карантин за оние што се враќаат во Финска од одмори, паѓа на грбот на државата, која и онака има голем број на луѓе што треба да ги тестира. Таа побара негативниот тест да биде задолжителен пред патникот да се качи на авион.

Комисијата за заразни болести денеска до владата предложи да се воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници од Косово кои транзитираат низ Република Северна Македонија. Транзит патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Сите 115 патници кои во саботата слетале од Скопје во Турку Финска, се префрлени во карантин во овој град. Градот информираше дека во саботата 95 проценти од патниците по слетувањето биле тестирани за присуство на коронавирусот и 12 добиле позитивен резултат.

Турку е град во југозападна Финска кој почна да ги тестира патниците што доаѓаат на летови од Скопје на 8 август. Оттогаш тестирани се патници од 3 лета од главниот град на Македонија и вкупно инфицирани со ковид биле четириесет и тројца.

Наредбата за изолација е одлука на инфектолог од Турку. Оние патници на кои ќе им биде наложена мерка карантин имаат дозвола да го користат јавниот превоз за неопходни патувања но со задолжителна прекривка на носот и устата. Вакви неопходни патувања се на пример посета на доктор или патување од самиот аеродром до дома по летот. На позитивните пациенти им се забранува да одат на работа, во училиште, градинка, во продавници или други јавни места за време на изолацијата.

Финските здравствени власти решија да воведат задолжителен карантин и тестирање за сите патници што доаѓаат од високоризични земји, откако во Турку слета авион со 24 патници од Скопје кои беа позитивни на коронавирусот. Во тој прв од трите летови имало 157 патници кои се согласиле доброволно да се тестираат. Министерството за здравство излезе со информација дека на конкретниот лет најголемиот број патници биле со косовски пасош а само двајца со македонски пасош. Дел од косовските државјани само транзитирале низ Македонија за да го фатат летот од скопскиот аеродром, во периодот кога воопшто не се бараше ПЦР тест за транзит, туку само требаше да приложат електронски авио билет и изјава дека ќе ја напуштат Македонија за три часа.

The post Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?! appeared first on Слободен печат.


Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?! was first posted on август 19, 2020 at 1:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....