-1.2 C
Скопје
03:10 - 19 декември, 2024

СДСМ и ДУИ ќе состават влада

Постигнат е договор за создавање на парламентарно мнозинство, за формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ, објави вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со лидерот на интегративците Али Ахмети, на која двајцата се согласиле дека Заев ќе биде премиер во следните четири години, а на 100 дена пред следните парламентарни избори премиер ќе биде Албанец на предлог на ДУИ, со тоа што техничката влада ќе биде укината. Договорот помеѓу Заев и Ахмети ќе биде конечен откако партиските органи ќе ги потврдат во најскоро време, а Заев ќе го презентира договорот и пред партиите што се дел од коалицијата „Можеме“ и пред ДПА кои ќе бидат дел од идната влада.

– Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу владината коалиција. Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ е постигнат коалициски договор за создавње парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, за состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата – рече Заев.

Идниот премиер рече дека особено им било важно брзо да постигнат договор за составување на влада поради потребата клучните институции брзо да се стават во целосна функција за да се справуваат со здравствените и со другите предизвици поврзани со коронавирусот.

– Ги договоривме принципите на новата влада која ќе го продожи патот на европските интеграции. Договорено е укинување на пржинската влада како и промена на изборниот модел за веќе од следните парламентарни избори. Договорено е намалување на администатција за 20 отсто со спојување на функциите и надлежностите со цел граѓаните да добијат поквалитетни усуги. Во наредните шест месеци ќе се распоредат сите нераспоредени вработени според рамковниот договор и ќе тргнат на работа. Договорено е дека заеднички ќе се поднесуваат законите до Собранието, по претходно заедничко усогласување, со цел побрзо да се спроведат реформите. Овие принципи ќе ги преточиме во заедничка владина програма која е определена  со договорите со Грција и Бугарија и со Рамковниот договор и која е посветена на економијата, правдата и еднаквоста. Сакам да му се забагодарам на Ахмети за големината, трпението и мудроста што ги покажа со цел да се одржи континуитетот на успешните политики на државата, во која секој граѓанин може да ја извршува која било функција, вклучително и премиерската – рече Заев.

Тој не сакаше да открие кои ќе бидат идните министри пред кандидатите да бидат потврдени од органите на партијата, но откри дека дел од договорот е иден претседател на Собранието повторно да биде Талат Џафери. Во врска со намерата на ДУИ дека мора Албанец да биде премиер, Заев рече дека ДУИ покажала големина и доблест заради иднината на сите граѓани.

– При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа со поддршка на ДУИ да бидам премиер со полн 4-годипшен мандат, со тоа што дел од договорот е укинување на техничката влада и технички министри. Заради оваа големина и доблест што беше покажана од ДУИ на средбата, јас без претходни консултации со органите на СДСМ предложив сите политички партии на 100 дена пред изборите да бидат рамноправни и ниеден партиски лидер да не биде премиер, со тоа што ДУИ ќе преложи премиер. Тоа го јакне партнерството и тоа ќе ги осигура граѓаните – рече Заев.

Ахмети рече дека при постигнувањето на договорот приоритет биле гражаните и потребата што поскоро да се конституираат институциите.

– Јас сум сигурен дека нашата денешна одлука ќе биде поздравена од сите граѓани, а секако ќе биде поздравена и од нашите партнери од меѓународната заедница кои многу ни помогнаа во нашите напори. Многу е значајно дека денешната колаиција е поставена на здрави темели и ќе проидонесе за добар тек на сите процеси во државата. Убеден сум дека ова партерство кое го надрадуваме за уште 4 години ќе биде успешно, на следната влада и на оваа коалиција им  посакувам успех. Господ да ни е напомош – рече Ахмети.

Прашан зошто се откажал од премиер Албанец, тој истакна дека идејата била да се доближат граѓаните, а не да се раздвојат.

– Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа влада – рече меѓудругото Ахмети.

Двајцата лидери не открија дали во министерствата ќе седнат нови лица или ќе ротираат старите кадри, иако начелно е договорено која партија кое министерство ќе го добие. Вчера повеќе медиуми пласираа непотврдени информации според кои со МВР ќе раководи ДУИ како надоместок што се откажала од премиерската позиција. Втората варијанта е ДУИ наместо со полицијата да раководи со министерствата за финансии и за надворешни работи, при што наследник на Нина Ангеловска во Финансии би бил Фатмир Бесими. Досегашниот прв дипломат Никола Димитров би отишол на чело на Секретаријатот за европски прашања, а на чело на МВР би се вратил техничкиот премиер Оливер Спасовски. Според други шпекулации Димитров би можел да се најде и на функцијата министер за правда, а министер за здравство ќе остане Венко Филипче. Има и други комбинации во кои на СДСМ ќе му припаднат министерствата за финансии, труд и социлаја, земјоделие, здравство, образование и правда, на ДУИ МВР, одбрана, локална самоуправа, информатичко општество и екологија. А ресорите надворешни работи и култура би биле за партнерите од коалицијата „Можеме“.

The post СДСМ и ДУИ ќе состават влада appeared first on Слободен печат.


СДСМ и ДУИ ќе состават влада was first posted on август 19, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....