10.8 C
Скопје
15:10 - 19 декември, 2024

САД спремиле опширен план во случај Ким Џонг-Ун да умре?

Владата на САД има опширен план за вонредна ситуација во случај на смрт на севернокорејскиот лидер, очекувајќи масовна хуманитарна криза во земјата.

Извори на Фокс њуј разговарале за тие планови при контрадикторните извештаи за здравјето на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун. Тие повикуваат на внимателност при овие извештаи, кои тврдат дека Ким се соочува со смртна опасност по кардиоваскуларната процедура.

Иако и понатаму е непознато што е вистината за неговата здравствена состојба, американската влада направи опширни планови во случај Ким да почине, рекол изворот на Фокс њуз, кои наведуваат дека изворот е високопозициониран разузнавач.

Тој рекол дека е веројатна голема хуманитарна криза во Северна Кореја, во која милион луѓе би се соочиле со глад и масовен егзодус во Кина.

Разузнавачките извори рекле дека голем дел од планот би било да се потпрат на Кина да истапи и да помогне во контролирање на ситуацијата во Северна Кореја. Делумно заради нејзината близина, а друг дел заради логистичките предизвици кои САД би ги имале во обезбедување на хуманитарна помош.

Извори од Белата куќа рекле дека ги следат извештаите за состојбата на Ким, но дека и понатаму нема потврда за неговото здравје. Разговорите меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма веќе долго време се запрени. Еден извор рекол дека за време на последниот самит, луѓето кои биле во близина на Ким приметиле дека тешко дише за неговите години.

The post САД спремиле опширен план во случај Ким Џонг-Ун да умре? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....