3.8 C
Скопје
13:33 - 24 декември, 2024

Сѐ повеќе мигранти на пат низ Македонија

Мигрантите кои своето времено засолниште го најдоа во Грција, а не можат да заминат кон нивната крајна цел-земјите од ЕУ, ја сардисале планината Беласица и ридовите близу Дојран, па постојано во групи, се обидиваат, а некои и успеваат да ја минат добро чуваната македонско-грчка граница.

Влезот на мигрантите во Македонија од Грција одамна е забранет. Секој од нив кој ќе биде откриен, се депортира назад во Грција. Во нивниот илегален поход кон земјите од Унијата, како што за Слободен печат велат од македонската полиција, за паричен надоместок  имаат поддршка од добро организирани криминални групи, кои во соработка со нивни „колеги“ од Грција ги наведуваат по која рута е најбезбедно да се мине токму планината Беласица.

Овој дел од јужната граница не е заштитен со висока ограда, обвиена со дополнителни заштитни мрежи, што го олеснува минувањето на мигрантите.  Според она што и е познато на македонската полиција, во различни временски интервали во текот на едно деноноќие, групи мигранти сочинети од по 15 до 70 лица, преку козји патеки ја минуваат границата. Штом ќе успеат во овој дел од планот, тие се преземаат од членови на македонски банди кои во зависност од бројот на мигрантите, за сума од 100 до 300 евра по човек ги товарат во патнички или товарни возила и се обидуваат да ги пренесат до македонско-српската граница, од каде повторно-илегално, мигрантите ќе треба со „врски“ и подмитување да го продолжат својот илегален пат кон ЕУ.

Но, поради големиот број на припадници на македонската полиција, но и на полицајци од низа европски земји кои со месеци им помагаат на македонските колеги, голем дел на мигрантите кои нема да бидат откриени од засилените погранични служби, се откриваат по нивниот обид штом тргнат со возило. За тоа говори и најновиот случај кој е реализиран од полицијата ноќеска во 1.50 часот на булеварот „Александар Македонски“, во близина на бензинска пумпа во Радовиш.

Полициски службеници од полициска станица во Радовиш пронашле 17 мигранти, од кои 13 од Пакистан и 4 од Кашмир. Мигрантите биле приведени и преземени граничната полиција. Неколку дена претходно пак во близина на раскрсница кај село Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско, е уапсен А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило „фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти. При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш.

Во истиот ден на локалниот пат Слупчане- Ваксинце, полициски службеници од Полициска станица Белановце се обиделе да запрат патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало. Од полициски службеници пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени 10 мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Според сведоштвата на дел од мигрантите што до сега се приведени, тие по некогаш се обидуваат и по неколку пати да ја минат македонско-грчката граница, или пак самата територија на земјава за да стигнат до Србија. За многумина од нив, овој потег бил беуспешен. Бидејќи ситуацијата на јужната граница е постојано тензична говори и вчерашната одлука на Владата која од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе нова Одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.

„Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

The post Сѐ повеќе мигранти на пат низ Македонија appeared first on Слободен печат.


Сѐ повеќе мигранти на пат низ Македонија was first posted on август 6, 2020 at 3:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....