На синоќешното 92. доделување, Оскарот за најдобра женска улога го освои Рене Зелвегер, за улогата во филмот „Џуди“.
Биографската драма „Џуди“, во режија на Руперт Голд е посветена на последните месеци на животот на иконата на Холивуд, Џуди Гарланд. Ова е нејзин втор Оскар, а ѝ го посвети на Џуди Гарланд, жената која Холивуд ја уништи.
„Минатите години разговорите и пофалбите ппосветени на Џуди беа одличен потсетник колку нашите херои нè обединуваат. Кога ги славиме нашите херои, ние се сеќаваме кои сме во тоа единство. И не, Џуди Гарланд не доби Оскар додека беше жива. Но сигурна сум дека ова е продолжение на нејзиното наследство и показател дека нејзиното наследство е единственот пример за извонредност и инклузија, благодарност на духот, а сето тоа ги надминува уметничките достигнувања на поединците. Џуди Гарланд, ти си дефоинитивно една од хероините кои нè обединуваат и нè дефинираат. И ова е за тебе“, рече глумицата.
Конкуренција на Зелвегер ѝ биа Синтија Ериво („Хариет“), Скарлет Јохансон „„Приказна за бракот“), Сорша Ронан („Мали Жени“), и Шарлиз Терон („Тие се бомби“).
Рене Зелвегер на доделувањето на Оскарите беше облечена во прекрасен фустан на Армани.
The post Рене Зелвегер Оскарот ѝ го посвети на жената која Холивуд ја создаде, но и ја уништи appeared first on Слободен печат.